• Latest

Насилството, попречувањето и ароганцијата – секојдневие на македонските новинари!

November 2, 2016

Димал Баша избран за претседател на косовското Собрание по повеќе од четири месеци и 58 обиди

August 26, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава

August 26, 2025

Академски пленум на Србија: Санкционирањето наставници поради протести е дискриминација

August 26, 2025
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Светските лидери и новинарските зруженија со осуда на израелскиот напад во Газа во кој загинаа пет новинари

August 26, 2025

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ПРОПАГАНДАТА: Лажна фотографија од Запорижја – стар наратив, нова манипулација

August 26, 2025
Војо Маневски

Зимницата и тетратките бараат нови политики

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Француската влада ризикува колапс со гласање за доверба на буџетот во септември

August 26, 2025

Дитмире Шеху поднесе тужба до Управен суд против одлуката на ДИК за намалувањето на бројот на советници

August 26, 2025
Фото: шефот на канцеларијата на Навроцки, Збигњев Богуцки/ Х

Ветото на полскиот претседател не го загрозува пристапот на Украина до Старлинк, тврди канцеларијата на Навроцки

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Австралија го протера иранскиот амбасадор откако разузнавачката агенција откри дека Иран стои зад антисемитските напади на нејзина територија

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Насилството, попречувањето и ароганцијата – секојдневие на македонските новинари!

November 2, 2016 15:31
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На 2 Ноември, Меѓународниот ден за ставање на крај на неказнивоста на злосторствата и насилството над новинарите, не можеме а да не констатираме, дека една од најголемите жртви, сите овие години додека трае перманентната политичка и општествена криза, е токму новинарската заедница.

Последниот случај со нападот врз новинарот Павле Беловски од ТВ Телма е само еден во низата од десетици напади врз новинарите во последниве година – две, што се случуваа по потпишувањето на политичкиот договор во Пржино, кој, меѓу другото, требаше да донесе реформи и значително поместување и подобрување на состојбите и во сферата на слободата на медиумите.

сгсг

За жал, и по Пржино, продолжија физичките напади врз новинарите, од кои речиси ниту еден не е расветлен! Продолжи попречувањето при вршењето работа од полицијата или од други службени и приватни лица, продолжи бришењето на снимки, задржувањата, ограничувањата на слободата на движење, удирањето новинари на протести…

Ќе се обидеме да направиме една мала ретроспектива на тие случаи.

Дента кога се потпиша анексот од Пржино, на 15 јули 2015, вицепремиерот Владимир Пешевски  физички го нападна главниот уредник на веб-порталот „Мактел“, Саше Ивановски – Политико, додека му се доближувал и му поставувал прашања во врска со пржинската спогодба. Нападот е снимен.

Pesevski_intervju_g_0

Минатата година во јули, неколку дена по потпишувањето на анексот на Пржинскиот договор, сопственикот на порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски, беше брутално претепан пред кафе-бар во Скопје. Притоа, се здоби со сериозни повреди на главата и со скршен нос.

Во март 2016, Уставниот суд на Република Македонија, без никакво објаснување им забрани на новинарите да ја следат седницата на која се оценуваше уставноста на Законот за помилување, иако тоа е спротивно на Деловникот на Уставниот суд, според кој, седниците може да се затворат за јавност ако тоа го бараат интересите на безбедноста и одбраната на земјата, чувањето на државата, службена или државна тајна, заштита на јавниот морал…

Истиот месец, уредникот на кабелската национална телевизија „ТВ Шења“, Мухамед Зекири, доби вербални закани од претставници на владејачката партија ДУИ.

Април 2016 е особено „плоден“ месец, што се однесува до насилството и притисоците врз новинарите. Новинарот и фоторепортер, Петар Ставрев од Битола бил физички нападнат од лицето К.Б. додека известувал за протестите против градоначалникот Владимир Талески, по што интервенирала полицијата. Снимателот на ТВ Мега од Битола, Владимир Бошковски, беше нападнат од учесници на опозицискиот протест пред Општина Битола. Камерманот бил туркан и навредуван и му било наредено да престане да снима. Група граѓани на антивладиниот протест ги демолираа работните простории на Радио Слободна Македонија (РСМ) во Скопје. Во овој месец, на тројца новинари од весникот „24 Часа“ од Бугарија им беше забранет влез во Македонија, на граничниот премин Деве Баир. Новинарот Јане Мамучевски од порталот „Малешевски весник“, по налог на градоначалникот Драги Нанџиски, беше избркан од седницата на Советот на Берово. Мамучевски тврди дека со истите мотиви му било оштетено и приватното возило.

На 13 април 2016, група новинари и фоторепортери беа физички нападнати од полицијата додека известуваа од протестите поради одлуката за аболиција пред Канцеларијата за контакт со граѓаните на претседателот Ѓорѓе Иванов. Новинарот Горан Наумовски од порталот „Плусинфо“ беше удиран со пендрек во главата и притоа изгуби свест, додека фоторепортерите Огнен Теофиловски од „Вест“, Наќе Батев од „Вечер“ и Борче Поповски од „Слободен печат“, како и Томислав Георгиев од „Фокус“, беа нападнати од полицајци, и покрај тоа што биле соодветно означени како професионални новинари. Удрен со полициски штит беше и снимателот на ЦИВИЛ, Никола Угриновски.

_RA16329

Во мај годинава, новинарката Вања Мицевска од националното приватно радио „Канал 77“ беше физички спречена од дел од учесниците да фотографира и да го следи собирот на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ). Настанот се случил во присуство на полицијата. Не само што не била заштитена новинарката, туку полицајците побарале од неа да го напушти собирот.

Последните еклатантни примери, пред оној најсвежиот со нападот на Беловски пред МВР, се од јуни 2016. Во еден случај, двајца припадници на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски, влегоа во дворот на ТВ 21 и му ги избришаа снимките од службениот мобилен телефон на новинарот Кристијан Ландов, кој претходно го снимил поранешниот премиер Груевски како поминува на улицата „Македонија“.

Новинарот Томислав Кежаровски беше повикан на информативен разговор во полиција поради учество во Шарената револуција. Обвинителството ја отфрли пријавата за физички напад против сопственикот на порталот „Скај“ од Охрид, Сашо Денесоски.

Како што нагласивме, речиси сите овие случаи биле пријавени во полиција,  но досега, јавноста не е запознаена – дали некој од оние што ја загрозиле безбедноста на новинарите се соочил со некаква одговорност. Напротив, неказнивоста на насилниците и неажурноста на институциите се сѐ поочигледни.

Освен овие случаи, регистрирани се и десетици поплаки на новинари, поради попречување на слободата на движење и попречување на професионалната работа во повеќе наврати, но тие прекршувања веќе ни самите новинари не ги сметаат за сериозни, и воопшто не поведуваат било каква правна постапка, разочарани од повеќето примери на очигледна пристрасност на судовите кога се под удар медиумите и новинарите што не се блиски до власта. А да не зборуваме за секојдневните примери на отворен говор на омраза и повици за насилство од истакнати пропагандисти на власта, кои поминуваат неказнето. Последен таков случај е отфрлањето пријава за повик за насилство од Миленко Неделковски кон повеќе новинари и јавни личности, која и Вишото обвинителство ја отфрли кон средината на јуни 2016, со образложение дека се работи за „лични“ навреди, иако од напишаното, јасно се гледа омразата што се гради врз основа на групни карактеристики.

И, што може да се направи во ваков амбиент, каде што медиумите и новинарството, наместо како артикулатори на јавниот интерес и простор за јавна дебата, служат како маша или како боксерска вреќа за нечии политички или економски интереси?

Насилството врз новинарите и неказнивоста на криминалните дејствија кои ја попречуваат слободата на медиумите мора да престане! Но, тоа не е возможно без да почнат да функционираат независно, институциите и механизмите на државата поврзани со медиумите, кои се моментално узурпирани од партиите на власт. Без судство што ќе го санкционира ревносно насилството врз претставниците на медиумите, обвинителство кое ќе биде далеку поажурно во процесирањето на тие случаи, но и без санкционирање на говор на омраза и на јавни повици за линч, насилство и убиства, кои создаваат атмосфера каде што насилството поминува непредизвикано во јавниот дискурс, нема решение на овој проблем.

13466453_989100637875072_8194942068270715107_n

Од друга страна, исто така, треба да се има предвид дека таков јавен амбиент, каде што ќе доминираат свесноста за тежината на јавно искажаниот збор и одговорни и транспарентни медиуми, не е возможен без доследно и неселективно спроведување на законодавството за клевета и навреда (со земање предвид на практиката на Судот од Стразбур) и без пошироко прифаќање на саморегулаторните механизми од медиумите и новинарите.

Но, треба да го имаме предвид и најважното: без претходно да се подобри политичката состојба, не може да се очекува подобрување на состојбата во медиумите, особено во поглед на неказнивоста на насилството кон нив. Медиумите се огледало на општеството, а секое општество добива и власт и медиуми какви што заслужува. Грдата и насилна слика на македонското општество мора да се поправа од повеќе аспекти, почнувајќи од издишување на балонот на насилството и неказнивоста кој бдее над сите нас. За да се постигне тоа, клучни зборови се – политичка волја.

Петрит Сарачини

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 2 Ноемвријазик на омразаМедиуминападинасилствопритисоциУставен суд
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ