• Latest
Добро утро со Орданоски

Привлечната моќ на кавгата

June 18, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Привлечната моќ на кавгата

June 18, 2019 07:44
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Т[/dropcap]оа што Доналд Трамп денеска во Орландо, на Флорида, службено ќе ја објави својата кандидатура за уште еден претседателски мандат во САД, речиси дека не е ни вест. Човекот не престана да води изборна кампања буквално секој ден во изминатите три години од својот прв мандат, оставајќи го целиот свет во познатата недоумица дали да се смее или да плаче од тоа што го правеше и изјавуваше. Во трката за вториот мандат влегува со неповолен рејтинг – впрочем, нему рејтингот за време на сите досегашни три години претседателствување ретко му се искачуваше со поддршка од над половина возрасни Американци, правејќи го еден од најнепопуларните претседатели на САД во модерната американска политика – но сите веќе научија дека не е препорачливо да се потценуваат шансите на Трамп дури и кога се чини најфантастична можноста нешто од тоа што го прави да му успее!

Наназад три години упорно се обидувам во моите секојдневни колумни да го избегнувам Трамп не само како тема за посериозна анализа или коментар, туку дури и за попатни илустрации или шеги на негова сметка. Тоа нема ни сега да го правам, освен што кога човек ќе добие желба да се осврне за актуелните причини на големите политички поделби и конфронтации во домашните јавности кај речиси сите вистински демократски земји во светот, не може а да не ти падне Трамп на ум барем како пример за тоа како политиката може да ја раскара нацијата дури и на теми, како елементарните човекови права или правото на слобода на изразување и слободни медиуми, за кои мислиш дека се еднаш и засекогаш затворени за проблематизирање. Кај Трамп единствено нешто што е еднаш и засекогаш е неговата самобендисаност и бескрајната амбиција за пари и слава.

Но, велам, кога ќе се сетиме на Трамп ни паѓа некако полесно да се соочиме и со постојаните конфронтации, 24/7/365, на нашата домашна политичка сцена. Не се асолно завршени ни расправите за Преспанскиот договор, за да можеме целосно да се предадеме на раздорот околу иднината на СЈО и правосудните реформи, а веќе се најавува Пописот како уште една прекрасна старо-нова тема за општа тепачка помеѓу опозицијата и власта. Па и нам, заедно со Трамп, во таа општа атмосфера на постојани конфронтации и политички кавги, ќе ни дојдат изборите веќе следната година… А претходните, со енергичноста на општиот судир на линија да се биде или не, како вчера да беа!

Ова темпо на трошење на нерви, на време и на теми за перманентна расправија, далеку над (или длабоко под) нормалната потреба за размена на различни мислења, не може да е здраво на ниту еден паметен начин. Постојано сме како седнати на задната клупа во теренското возило „Македонија“ со погон на сите четири тркала, кинисани по козји патеки да ја оствариме амбицијата да се биде прв на врвот, без оглед на тоа што животот во политиката по правило е поубав во долините на компромисот, толеранцијата и меѓусебното разбирање.

Ама, во денешнава политика Трамп го прегази Ганди како шлепер жаба!

Затоа, дајте, не се опуштајте, веќе мораме да ја смислиме големата тема за следната конфронтација, оти и за СЈО, а потоа и за Пописот во еден момент ќе се договориме.

Аман, вразумете се луѓе, што ќе правиме без нова, голема кавга?!

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share221TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ