• Latest
Добро утро со Орданоски

Аман, баксуз, не нè брани!

June 25, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Аман, баксуз, не нè брани!

Си помага ли г. Сијарто со сериозна терапија заради изразените симптоми на политичка и дипломатска шизофренија; или мисли дека таа патологија поминува со редовно земање бомбончиња тик-так, со вечерни облози од млака вода и со утринско пиење чај од мајчина душичка? ... А да се обиде со зголемување на дозата на тик-так? Или со намалување на дозата на разговори со Груевски?

June 25, 2019 07:44
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

[dropcap]К[/dropcap]ако што повели да нè информира министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, Груевски од Будимпешта „силно се залагал“ за иднината на Македонија во ЕУ. Од друга страна, како што е познато, токму ЕУ силно инсистира таа иднина на нашата држава во Унијата да се случи само кога и ако се потврди иднината на СЈО во овдешните правосудни реформи. Се работи за истото тоа СЈО заради чии обвинувања (плус една правосилна судска пресуда, до сега) Груевски пребега во Унгарија, со логистичка помош на гепекот на унгарските конзуларни служби на чие чело стои г. Сијарто.

Министерот за надворешни работи на Орбан до пладне е примерен Европеец кој работи за подигнување на кохезијата и угледот на Унијата, а попладне е дипломатски шегобиец и шверцер на политички мигранти во гепеци, кој упорно работи за унижување на она што самопрегорно го прави до пладне.

Според тоа, логично е прашањето: си помага ли г. Сијарто со сериозна терапија заради изразените симптоми на политичка и дипломатска шизофренија; или мисли дека таа патологија поминува со редовно земање бомбончиња тик-так, со вечерни облози од млака вода и со утринско пиење чај од мајчина душичка? … А да се обиде со зголемување на дозата на тик-так? Или со намалување на дозата на разговори со Груевски?

Сакам да кажам, така ви е тоа во дипломатијата, морате да се смешкате како недоветен, дури и кога странски министри, наводно со пријателска наклонетост, ви кажуваат најбудалести прикаски за светот и векот.

А откако го поминав минатиот викенд во прекрасната, хаотична Тирана, во разговори со секакви соговорници за тамошната длабока политичка криза, слободен сум да информирам дека таму никој не очекува кризата да се надмине до октомври годинава, за да можеме да сметаме на непречен албанско-македонски кандидатски дует за добивање преговарачки датум со ЕУ. Германците, со цел да се обидат да го надминат големиот јаз што ги дели елементарните погледи на реалноста помеѓу опозицијата и власта, допрва почнуваат нешто таму да плеткаат зад сцената; за да поминат на договарањето на нивното „Пржино“ (1 и 2), на албанските актери на оваа криза ќе им треба барем уште 5-6 месеци меѓусебно покажување мускули и средни прсти, а и по некој искршен излог.

Тоа значи дека нам не ни преостанува ништо друго, освен да почнеме да разговараме отворено со Берлин и со Париз дека бриселската „музичка аудиција“ до октомври ќе мора да се смени од дует, во соло настап. Можеби логиката би требало да биде токму спротивна – овозможувањето на почетокот на преговорите и со Албанија би бил најдобар стимул за средување на состојбите и кај нашиот западен сосед – но ЕУ љубоморно го чува давањето на тој пуст датум, како да се работи за поминување преку некаков европски Рубикон по кој нема враќање назад!

А и тој Рубикон, патем, во реалноста бил еден малку понадојден поток, едно плитко рекиче јужно од Равена, со подигнати ногавици да го заминеш, но коешто Римјаните митолошки го издигнаа до симболиката дека небаре се работи за Дунав, па откако Цезар ќе го прегази, патот го носи само напред, кон успех и вечна слава… Лажги со опашки!

Елем, почнувам да станувам скептичен за ветувањата на Меркел во врска со нашиот европски октомври. Штом и оној баксуз во Будимпешта фатил да ни помага за добивање датум за преговори, работата не може да е на арно. Оти, да не беше тој, можеби Македонија во октомври ќе претседаваше со Унијата кога ќе се носеше одлука за отпочнување преговори со Албанија. Вака, заглавени сме во апсурдот на ова политичко минато-идно време во кое и еден Груевски помага да влеземе во ЕУ со правосудни реформи кои за него значат Рубикон длабок како Дунав.

А и ние да се обидеме со поголема доза тик-так или со чај од мајчина душа? Колку да нѐ смири, не мора да нè излечи…

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Share404TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ