Опасниот хакер кој го презеде профилот на пратеникот Ибраимоски е, верувале или не, лично Чак Норис.
Целата хајка започнала во текот на вчерашниот ден, кога пратеникот Ибраимоски на социјалите мрежи јавно ги повика граѓаните на протести против Чак Норис, поради неговата црвена брада.
„Секој не потценува, не понижува, не дискриминира и да молчиме. Нема веќе да го гледате тој филм“, напиша Ибраимоски.
Откако Чак Норис дозна за целата ситуација, го напрадна и презеде профилот на Ибраимоски и објави предупредувачка содржина.
„Протестирај, па ова ќе те снајде!“, му порача Чак Норис на пратеникот.
Дилајла Мисеможеоглу
Оградување, одбрана и заштита: Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна