• Latest

Промоција на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот во Полошкиот регион

July 24, 2019

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Промоција на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот во Полошкиот регион

На инфо-штандовте на ЦИВИЛ граѓанките и граѓаните имаа можност да се запознаат со проектните активности, да споделат мислење, став, информација за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот

July 24, 2019 13:30
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек е турнејата на тимовите на ЦИВИЛ низ цела Северна Македонија. По динамичната агенда на организацијата во Вардарскиот и Скопскиот плански регион, на 23 јули 2019, ЦИВИЛите работеа во пет општини на Полошкиот регион, поточно Гостивар, Врапчиште, Тетово, Теарце и Јегуновце. Ова е само една од летните теренски турнеи што се спроведуваат на различни теми, во проектите на организацијата. Проектот „Зелена иднина“ во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел (регионална канцеларија во Сараево) вклучува директна комуникација со граѓаниките и граѓаните за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.

На инфо-штандовте на ЦИВИЛ граѓанките и граѓаните имаа можност да се запознаат со поврзаноста на овие три области од нашето општествено дејствување.

Теарце, 23 јули. Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ

Во Гостивар, ЦИВИЛ имаше средби со претставници на граѓанското општество, со своите членови, поддржувачи и соработници, како и со градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари. Анкетираните граѓанки и граѓани зборуваа за национализмот и за нивото на грижата на Општината за животната средина и одржувањето на јавниот простор.  Со градоначалникот Таравари разговаравме за политичките процеси и настани, за проблемите на релација локална и централна власт, за транспарентноста и одговорноста, изборните процеси и односите меѓу етничките заедници.

Арбен Таравари, градоначалник на Општина Гостивар. Фотографија: А. Мехмети/ЦИВИЛ

Во Тетово, граѓанките и граѓаните во комуникација со тимовите на ЦИВИЛ, го изразија своето незадоволство и крајна разочараност од градоначалничката Теута Арифи и од локалната власт, особено во однос на заштитата на животната средина, регулацијата на сообраќајот, уништувањето на парковите и негрижата за природните ресурси што економски можат да му помогнат на градот, а во овој период само дополнително се уништуваат. И пред камерата на ЦИВИЛ Медиа и во контактите со тимот на ЦИВИЛ, повеќе граѓанки и граѓани на Тетово го споменаа големиот проблем со урбаната мафија.

Тимовите на ЦИВИЛ споделија печатени материјали во кои накратко се опишуваат зелените вредности и поврзаноста со социјалната правда и антинационализмот, како и повикот за вклучување на граѓанките и граѓаните во процесите за донесување на одлуките.

Арианит Џафери Еко -Герила, Тетово, 23 јули. Фотографија: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Жителите на Врапчиште, Теарце и Јегуновце имаа свои забелешки, ставови и размислувања повеќе во контекст на социјалната правда, антинационализмот и зелените вредности. Повеќето наши соговорнички и соговорници имаа пофални зборови за заедничкиот живот и меѓусебно почитување на етничките заедници што живеат во регионот.

Оваа турнеја започна со низа теренски активности во Вардарскиот регион. По Полошкиот регион, тимовите на ЦИВИЛ ќе заминат кон Југоисточниот регион, а на враќање, ќе се задржат во Источниот регион. До крајот на летото, ЦИВИЛ ќе го посети и Пелагонискиот регион.

Биљана Јордановска

 


Овој текст, како и богатство од прилози за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, прочитајте на ЗЕЛЕН ЦИВИЛ.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.


 

Share8TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ