• Latest

25 јули: Јоханес Хан и Филип Рикер во Северна Македонија, лажни вести и дезинформации…

July 25, 2019

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

25 јули: Јоханес Хан и Филип Рикер во Северна Македонија, лажни вести и дезинформации…

Вест на денот: Јоханес Хан во Скопје

July 25, 2019 14:29
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Вест на денот – Јоханес Хан во Скопје

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, денеска е во посета во Скопје. Посетата е во духот на реформите поврзани со евроинтеграцијата на земјата и очекувањата наесен на Северна Македонија да и биде одреден датум за почеток на пристапните преговори.

На денешната заедничка прес-конференција премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Јоханес Хан изразија надеж дека е можен датум за преговори за влез во ЕУ во октомври. „Ние сме земја која е поблиску до ЕУ, благодарение на еврокомесарот Хан. Сигурни сме дека Хан ќе остане силен подржувач на политката на проширување, за време на нашиот разговор очекувам ЕУ да го одржи зборот и да ги отпочне преговорите за ЕУ во октомври.

“Се надеваме сите ќе ги преземат сите неопходни мерки, за старт на преговорите во октомври. Жалам што земјите членки не го сторија тоа во јуни, бидејќи вие остваривте сè што беше побарано. Уверен сум врз основа на вашата изјава дека оваа одлука ќе биде донесена во октомври. Сега е време лидерите на ЕУ да ги испорчаат своите обврски“, изјави Хан. Тојапелираше до политичките партии што побрзо да дојдат до решение за законот за јавно обвинителство , и дека судскиот систем мора да работи според правилата и тоа мора да го почитуваат сите.

Во посета на земјата е и вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип РикерТој денеска ја посети Битола,  придружуван од американската амбасадорка во земјава Кејт Бернс, и оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска.

Ток изрази задоволство што повторно е во посета на Битола и ја претстави новата американска амбасадорка Бернс, која за прв пат беше во официјална посета на Општина Битола. Рикер  го продолжи работниот престој  во Скопје кадешто утре ќе се сретне со државниот врв и претставниците од политичките партии во земјава.

Институциите кревки во борбата со лажните вести и дезинформации

Во борбата против лажните вести и дезинформации – Владата ќе формира Акциска група за борба против дезинформации и напади на демократијата, во која ќе бидат поканети да учествуваат претставници од канцеларијата на Претседателот на Владата на РСМ, Претседателот на РСМ, Собранието, Кабинетот на министерот задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, МВР, MO, МНР, Управата за безбедност и контраразузнавање, Агенција за разузнавање и други, чија задача ќе биде анализирање и следење на појавите на дезинформирање на јавноста и координирање на борбата против ширење на дезинформациите.

Само шест отсто од граѓан(и)ите сметаат дека институциите успешно се сравуваат со дезинформациите, беше заклучокот од една онлајн анкета на ЦИВИЛ – Дали институциите успешно се справуваат со говорот на омразата и лажните вести на социјалните мрежи и во медиумите?

Прашањето беше поставено на почетокот на оваа година, при што во текот на изминативе неколку месеци организацијата бележи засилено темпо на пласирање лажни вести и дезинформации во јавноста. За повеќе информации околу пласирањето лажни вести и дезинформации, прочитајте на следните линкови на ЦИВИЛ Медиа:  Институциите кревки во борбата со лажните вести и дезинформации…

Лажните вести – главна причина за етнички тензии

 

Флеш вести

Општина Охрид ќе постапи согласно законите по барањето на ДКСК за раскинување на договорите со Нефи Усеини

 

Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси побара од Општина Охрид да се раскинат сите договори со фирмите во сопственост Нефи Усеини, кој воедно е и советник во Советот на Општината.

Предлог измените за поголема инклузивност во основното образование прифатени од пратениците

На вчерашната 106 собраниска седница доцна попладне по прво читање се прифатија предлог измените на Законот за основно образование со кои се предлага наместо досегашниот минимален број од 24 ученици во паралелката, како минимален праг да се утврдуваат 20 ученици.

Д. Тахири

Share21TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ