• Latest

1 август: Илинден и говорот на омраза, Борисов во РСМ, СЈО на стенд бај и рекетари….

August 1, 2019

Препукување на релација ДУИ – ВЛЕН кој е поголем Србин

August 20, 2025
Трамп и Путин во Алјаска. Фото: Скриншот

Кремљ ги омаловажува разговорите со Зеленски, Трамп предупредува дека Путин можеби нема да сака да склучи договор

August 20, 2025

Евидентирани 1916 во Регистарот на ДКСК за службени возила на државни органи за локалните избори

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на YouTube

Администрацијата на Трамп ќе проверува за „антиамериканизам“ во апликациите за имиграција, критичарите потегот го споредуваат со макартизам

August 20, 2025
Мигрантите депортирани од САД пристигнуваат во Хондурас. Фото: Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

САД постигнаа договори за депортација на мигранти со Хондурас и Уганда

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел бара ослободување на сите заложници во Газа, фрлајќи сомнеж врз предлогот за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото; Скриншот од видео на YouTube каналот на British Army

Околу 10 европски сојузници се подготвени да испратат војници во Украина, се забрзуваат разговорите за безбедносните гаранции

August 20, 2025

Избирачкиот список се отвора во сабота за увид и запишување и бришење податоци

August 20, 2025
Фото: Телеграм канал АСТРА

Геј порно снимено во православна црква во Русија

August 19, 2025

24 ЧАСА: ДИК без консензус за бројот на советници на локалните избори; Секое украниско дете киднапирано од Русија мора да биде вратено-децидна фон дер Лајен; Жестоки протести во Србија

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

1 август: Илинден и говорот на омраза, Борисов во РСМ, СЈО на стенд бај и рекетари….

ДНЕВНИК на ЦИВИЛ

August 1, 2019 16:22
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Илинден и заканите, говорот на омраза и повиците за убиство

Во пресрет на Денот на Републиката, 2 Август, ЦИВИЛ бележи голем број изрази на говор на омраза и повици на насилство врз основа на етничка и верска припадност, сексуална ориентација и пособен акцент на политичка определба. Говорот на омраза и повиците на насилство најмногу се бележи на социјалните мрежи, но често е присутен и на интернет порталите. Повици на насилство со употреба на експлицитен говор на омраза се нотира и по повод прославата на Илинден на Мечкин Камен, на 2 август. Еден од нив е Фејсбук настанот на новинарката на МТВ, Марија Котовска: „Топло да ја поздравиме стоката северџанска на Мечкин Камен“. Но, не изостануваат ниту повиците за „куршум во чело на Заев за дупла илинденска прослава“. Исто така се повикува и на паралелна прослава, односно на Илинден да започне „непослушноста“ и „непокорот“ кон оваа, како што велат „предавничка северџанска власт“…

Министерството за внатрешни работи ги повика граѓаните достоинствено да го прослават Илинден и дека ги преземаат и ќе ги преземат сите неопходни мерки и активности за организираните прослави да поминат во најдобар ред.

„Секторот за компјутерски криминал деновиве поднесе или во тек е постапка за поднесување на кривични пријави против десетина лица за содржини објавени на социјалните мрежи со кои се шири омраза и се загрозува сигурноста на граѓаните, а се поврзани со празнувањето на Илинден“, вели за ЦИВИЛ Медиа, портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во посета на Северна Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов кој престојува во посета на земјава по повод одбележувањето на двегодишнината од Договорот од Договорот за добрососедство, пријателство, денеска се сретна со премиерот Зоран Заев и со претседателот Стево Пендаровски. Главен фокус на средба на Борисов со Заев  беше реализацијата на проектите во рамки на инфраструктурниот Коридор 8. Пендаровски и Борисов на средбата размениле мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше констатирано дека Северна Македонија и Бугарија се посветени кон јакнење на добрососедските односи и унапредување на соработката во сите сфери од заеднички интерес.

СЈО ќе се решава по летните одмори

Единствен успех на власта и опозицијата за новиот закон за ЈО од денешната средба во Министерството за правда е договорот да продолжат со преговори по 15 август. Двете страни по средбата рекоа дека има многу точки за кои не се согласуваат. Антонио Милошоски во име на опозицијата изјави дека власта не е подготвена за системското решение за законот прифаќање концепт во кој обвинителството ќе има поголема одговорност. Министерката за правда Рената Десковска, пак, од друга страна изјави дека барањата на ВМРО-ДПМНЕ значат централизација на Јавното Обвинителство преку поврзување на мандатот на сите обвинители со тој на државниот обвинител.

Флеш вести

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Република Македонија денеска се одржи комеморација по повод  Денот на геноцидот врз Ромите од Втората светска војна.

МВР со уште една кривична пријава за ширење на расистички и ксенофобичен материјал на социјалните мрежи.

Кривичниот суд го одобри во целост обвинението за сообраќајката кај Ласкарци, Од главни фаци до (не)умешни рекетари – хорнологија на случајот „Рекет“.

ВО ФОКУСОТ НА ЦИВИЛ МЕДИА

Во фокусот на нашите колумнисти доновиве беа неколку актуелни теми: Поентите на Џавдет Хајредини се однесуваа на повлекувањето на Ахмети од политиката, истрагите, молкот и ставање крај на политичките игри, Милан Банов се фокусираше на лажните вести и медиумскиот простор и како се создаваат непријатели, а Џабир Дерала остро и без пардон праша: За што, по ѓаволите, служи македонскиот парламент и Кои процеси ги блокираат ВМРО-ДПМНЕ и нивните политички вазали?.

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share41Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ