• Latest
фото: Александар Кондев

Македонските национал-шовинисти се оние што ги бришат Македонија и Македонците, за да избегаат од одговорноста за уништувањето на земјата

August 7, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонските национал-шовинисти се оние што ги бришат Македонија и Македонците, за да избегаат од одговорноста за уништувањето на земјата

Оние што ја бришат Македонија и Македонците, само прават уште една злоупотреба на својата земја и својот народ, кои ги ништеа и ограбуваа безмилосно цела деценија. Зад патриотските кулиси и паравани од стиропор, гипс и крџа-бронза - украдоа стотици милиони, ги уништија институциите, образованието, здравството, економијата, животната средина... сѐ што можеше да се уништи. А сега, зад параваните и кулисите на оваа „патриотска“ врескотница со „северна“ и „северџгани“ – всушност, сакаат да избегаат од одговорноста за нивните децениски злодела.

August 7, 2019 10:10
in СЛОБОДНА ЗОНА
фото: Александар Кондев

фото: Александар Кондев

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Освен националистите и шовинистите од соседните балкански народи (секој за свој есап нели), меѓу оние што во моментот ги бришат „Македонија“ и „Македонците“ се уште само македонските националисти и шовинисти, оние де, што се „чисти“.

Погледнете, прочитајте што пишуваат со месеци, откако започна решавањето и се реши спорот со Грција. Постојано ја нарекуваат нивната земја со придавката „Северна“, бришејќи ја, од нејзиното сегашно уставно име, именката „Македонија“.

Постојано ги нарекуваат „северџани“, „северџгани“ и што ли уште не нивните сонародници, сестри и браќа по крв Македонци, бришејќи го името на својот и нивниот народ.

Kомпромисот, драги мои пријател(к)и, иако болен, ги чува негибнати националниот идентитет на Македонците, нивниот јазик и основата, суштината на државноста, именката „Македонија“ како најважен дел (поважен од придавката) од уставното име на државата. Наспроти оние кои што запнале да ги бришат. А тие се Македонци, замислете. Со навреди дури и погнасни кон своите сонародници од оние што ги употребуваат соседните националисти.

Оние што ја бришат Македонија и Македонците, само прават уште една злоупотреба на својата земја и својот народ, кои ги ништеа и ограбуваа безмилосно цела деценија. Зад патриотските кулиси и паравани од стиропор, гипс и крџа-бронза – украдоа стотици милиони, ги уништија институциите, образованието, здравството, економијата, животната средина… сѐ што можеше да се уништи.

А сега, зад параваните и кулисите на оваа „патриотска“ врескотница со „северна“ и „северџгани“ – всушност, сакаат да избегаат од одговорноста за нивните децениски злодела.

Одговорните и правдољубиви граѓани на оваа земја од сите народи поминаа низ сцили и харибди, низ многу болни компромиси за да дојдат до тука. Јас верувам дека нема да го дозволат тоа. Правда и одговорност мора да има за секого, без оглед на припадноста. За да одиме напред, за да го сочуваме тоа што го имаме, за да се исплатат сите жртви на нашата транзициска генерација, за да оставиме нешто зад нас и да им дадеме шанса на идните генерации.

#PoslushajtePatrioti
#MidnightExpress


фотографија: Александар Кондев

Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share191TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ