• Latest

Владата ќе се прошири со нови девет министерства

August 26, 2019

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА САТИРА

Владата ќе се прошири со нови девет министерства

Делегатите на неколку ограноци на ДУИ донесоа решение да му упатат ултиматум на својот долгогодишен лидер да издејствува нови девет министерски позиции во Владата на кои, правично, ќе распредели по еден министер од сите побунети ограноци.

August 26, 2019 00:07
in САТИРА
Share on FacebookShare on Twitter

ДУИ е во сериозна криза. Дури девет од 30 и неколкуте ограноци на партијата, на вонредни седници, заседаваа во текот на вчерашното попладне до длабоко во ноќта. Среде густиот чад од тврдо „Марлборо“, со нервозните звуци на малите лажички со кои го мешаа црниот чај во малите бардачиња, локалните „интегративци“ дојдоа до сериозни заклучоци на двете точки што ги имаа на дневен ред.

Заклучокот по првата точка се однесува на тоа дека еден тетовчанец, кому му предложија министерска функција во тукушто измисленото министерство за странски инвестиции и родова еднаквост, најдрско ја одбил великодушната понуда на лидерот Ахмети. Работните групи во локалните ограноци имаа лесна задача да срочат писмо со осуда на ваквата постапка што ја нарушува добрата партиска традиција на добивање министерски позиции во било која влада од своето основање до денес.

На дневен ред беше и темата за недоволната и неправичната застапеност на локалните ограноци на ДУИ во централната власт, на министерско ниво. Делегатите на деветте ограноци на ДУИ донесоа решение да му упатат ултиматум на својот долгогодишен лидер да издејствува нови девет министерски позиции во Владата на кои, правично, ќе распредели по еден министер од сите побунети ограноци.

Воедно, дел од говорниците на овие седници, потсетија дека мораат да бидат традиционално солидарни со своите браќа во другите органоци што, од различни причини, пред сѐ, поради сезонска работа во странство, не успеале да формулираат вакви и слични барања. Затоа, поголем дел од деветте побунети ограноци, додадоа и посебна белешка и со тоа ги проширија своите декларации со повик до Али Ахмети да најави и втора фаза на проширување со нови министерски функции, по завршувањето на сезонските ангажмани на нивните партиски браќа во странство.

Во завршните зборови, некои делегати прочитаа и неколку дополнителни барања за одредени привилегии кои природно им припаѓаат на министрите. На таа листа, меѓу другото, се најдоа и барања за службени возила, секретарки, патни трошоци, репрезентација, дискрециони права, апанажи, телохранители, асистентки и асистенти, помошници и советници од родното место и неколку други скромни привилегии што се во насока на квалитетно извршување на функциите.

Стручната аргументација на овие најнови, конструктивни барања на ДУИ, се заснова на една сериозна научна студија за доброто владеење, подготвена од струлен тим на еден од елитните приватни универзитети во земјата. Според таа научна студија, Северна Македонија е во тешки срања, па затоа ѝ требаат повеќе министерства. Компаративно, според студијата, Швајцарија е земја со малку проблеми, па затоа ѝ се потребни само седум министри во владата. Што се поголеми проблемите, толку повеќе министри се потребни за нивно решавање. Што се 26 министри во сегашниот состав на Владата? – се поставува принципиелното прашање во студијата. Со новите девет министри, Владата на Северна Македонија ќе брои 35 министри, што е донекаде гаранција дека земјата тргнала на добар пат, но ни оддалеку доволно за правична застапеност на сите ограноци на ДУИ.

Хасан Мубарак
специјален известувач од Грчец

 


ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ало! Ова е козерија, (речиси) целосно измислена, немојте да се палите! Ако сакате да читате лажни вести, повелете кај „куририте“… 

Share81TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ