• Latest

Лидери на политички партии, институции, меѓународни и домашни организации поканети на големата конференција за изборни реформи

September 1, 2019

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Лидери на политички партии, институции, меѓународни и домашни организации поканети на големата конференција за изборни реформи

На Конференцијата ќе се говори за потребата од реформи во изборниот систем во целост, а поконкретно ќе се отворат темите за Изборниот законик, изборниот модел, Избирачкиот список, политичкото финансирање и медиумите и изборите. Учесничките и учесниците на Конференцијата ќе се обидат да дадат одговори на прашањата дали, како и во кој временски рок се возможни реформи во изборниот систем.

September 1, 2019 13:30
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Конференцијата за изборни реформи „Перспективите на македонските избори“ што ја организира ЦИВИЛ, ќе се одржи во Скопје, хотел Континентал (Кристална сала), на 25 септември со почеток во 12 часот. Тимот на ЦИВИЛ веќе започна со испраќање на поканите до лидерите на политичките партии, како и до други релевантни учеснички и учесници на Конференцијата.

На Конференцијата ќе се говори за потребата од реформи во изборниот систем во целост, а поконкретно ќе се отворат темите за Изборниот законик, изборниот модел, Избирачкиот список, политичкото финансирање и медиумите и изборите. Учесничките и учесниците на Конференцијата ќе се обидат да дадат одговори на прашањата дали, како и во кој временски рок се возможни реформи во изборниот систем.

На листата на поканети се наоѓаат голем број политички партии, без оглед на тоа дали се работи за голема или мала политичка партија, дали е застапена во сегашниот состав на Собранието или е вонпарламентарна. Од организацискиот тим на ЦИВИЛ велат дека некои контакти се застарени или повеќе не постојат и апелираат до политичките партии, доколку не добијат покана до понеделник на пладне, да се јават во организацијата, за да ги обноват податоците за контакти, за да добијат покана.

За сите заинтересирани за присуство и евентуално активно учество на Конференцијата, на располагање е и онлајн апликацијата што организацијата го објави на 29 август. Бројот на учесници е ограничен, а организацијата го задржува правото на селекција на учесничките и учесниците.

ЦИВИЛ ќе покани релевантни експерти и претставници на граѓанското општество и меѓународната заедница. Иако Програмата на Конференцијата ќе биде објавена на 18 септември, во овој момент е познато дека таа ќе биде поделена во четири сесии. Во првата сесија ќе се обратат претставникот на ЦИВИЛ и специјалните гости на Конференцијата, претставници на меѓународната заедница во земјава. Во втората сесија што ќе се одржи без пауза, во продолжение, ќе говорат лидерите на политичките партии. За излагањата на секој од лидерите се обезбедени седум минути.

Доколку лидерите на политичките партии не се во можност да учествуваат на Конференцијата, дозволено е тој/таа да назначи своја замена, но само за учество во третата сесија, со можност за презентација до три минути.

Во четвртата сесија ќе говорат експерти и претставници/претставнички на институциите, граѓанското општество и меѓународната заедница.

По сите излагања е терминот за дискусија, прашања и коментари од присутните, за кои е пожелно да се најават во апликацијата за учество, бидејќи тие ќе добијат предност. Конференцијата ќе заврши најдоцна во 16 часот, а во меѓувреме ќе има најмалку една кратка пауза.

Организаторите ќе обезбедат симултан превод од и на македонски, албански и англиски јазик. Излагањата и презентациите на учесничките и учесниците ќе бидат снимени и објавени во целост на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Конференцијата ќе ја отвори германскиот амбасадор Томас Герберих.

Настанот е дел од проектот „Слободни граѓанки и граѓани за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Share35TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ