• Latest

23 октомври: Заев кандидат за премиер, ратификација за НАТО, надеж за датум за преговори, Зелените доаѓаат…

October 23, 2019

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери од Самитот во Тирана едногласно најавија санкции против Русија; Дијалогот меѓу Косово и Србија неизбежно ќе биде предмет на дискусија Самитот

May 16, 2025
Фото: ССНМ

Отворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2025

May 16, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Меѓународна конференција „Сребреница – совеста на светот“: Глас против негирањето на геноцидот и пропагандата

May 16, 2025

Украина ќе добие 84 милиони долари од Светска банка за обнова на станбена инфраструктура оштетена во војната

May 16, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Германскиот канцелар ѝ се заканува на Русија со нови санкции поради непојавувањето на Путин на разговорите во Истанбул

May 16, 2025

Реакции: „Ќе им дадат помош пред избори и ќе ги обработат да не протестираат повеќе“; „Туѓи деца, не ги боли“; „Ќе дадат свој предлог пред избори и ќе го усвојат“…

May 16, 2025

Калас: Проширувањето и е неопходно и на Европската унија

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 50 Палестинци се убиени откако Израел започна офанзива во северна Газа

May 16, 2025

16 Мај – Ден на ромскиот отпор против нивното планирано погубување од нацистите во Аушвиц-Биркенау

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
MZR Kashmir

Индија разгледува план за намалување на водоснабдувањето на Пакистан со нов проект за реката Инд

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

23 октомври: Заев кандидат за премиер, ратификација за НАТО, надеж за датум за преговори, Зелените доаѓаат…

Ратификација од уште четири земји-членки ја делат Северна Македонија од влезот во НАТО, Шекеринска: Северна Македонија направи сè, ЕУ не испорача тоа што вети,ЦИВИЛ со конференција „Зелените доаѓаат“...

October 23, 2019 18:32
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Заев: Јас ќе ја водам кампањата и ќе бидам кандидат за премиер

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека на претстојните парламентарни избори во април следната година повторно ќе биде кандидат за премерското место.

„Јас барам нов, чист, цел мандат за да продолжиме. Сега топката е кај граѓаните и тие ќе ја дадат насоката по која треба да се движиме. СДСМ ќе излезе со модернизарен тим и модернизирана програма“, рече Заев.

Ратификација од уште четири земји-членки ја делат Северна Македонија од влезот во НАТО

Со ратификацијата на Протоколот за пристап на Северна Македонија во НАТО, од  Соединетите Американски држави, остануваат уште четири земји членки да го ратификуваат истиот за, конечно, целата процедура да заврши со потпишување и ратификација на Договорот во Собранието на Северна Македонија. До сега, Договорот го ратификуваа 25 земји членки, и тоа: Албанија, Данска, Полска, Грција, Турција, Белгија, Германија, Португалија, Естонија, Луксембург, Бугарија, Летонија, Романија, Канада, Италија, Хрватска, Литванија, Словачка, Унгарија, Велика Британија, Црна Гора, Норвешка, Словенија, Република Чешка и последно, Соединетите Американски Држави.

Остануваат уште четири држави кои треба да го ратификуваат Пристапот на земјата во НАТО Алијансата. Тоа се Исланд, Франција, Холандија и Шпанија.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Шест години од протестите за новинарот Томислав Кежаровски кога стотици граѓан(к)и, новинари и граѓански активисти беа спречени од страна на полициски сили да одржат мирен протест пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност, поради казнувањето на новинарот.

Германскиот амбасадор во земјава, Томас Герберих, во врска со одлуката на Советот на ЕУ да не започне преговори со Северна Македонија, рече дека земјава е дел од Европа и не заслужува ништо помалку од целосно членство во Европската Унија.

Шекеринска: Северна Македонија направи сè, ЕУ не испорача тоа што вети

Премиерот Зоран Заев смета дека најавата за вонредна резолуција на Европскиот парламент со која повторно ќе се побара отворање на пристапните преговори за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ ќе биде од помош и ја врати мотивацијата кај нашиот народ да продолжи по европскиот пат.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ со конференција „Зелените доаѓаат“

Конференцијата „Зелените доаѓаат!“ во организација на ЦИВИЛ ќе се одржи во петок, на 25 октомври во хотел „Порта“ (Аеродром) од 12 до 14 часот. На конференцијата се поканети граѓански организации и иницијативи, политички партии, институции на национално и локално ниво, медиуми и сите заинтересирани граѓанки и граѓани.

Максим Димитриевски и Митко Јанчев, градоначалниците на Куманово и Кавадарци, Арта Точи, пратеничка во Собранието на РСМ, Арианит Џафери, Екогерила, Ванчо Орданоски, ИТ експерт, Даница Павловска – Циги, експертка за архитектура и просторно планирање, Џабир Дерала, Диана Тахири и Биљана Јордановска од ЦИВИЛ се говорници во првиот дел од конференцијата кои се потврдени до сега.

Сарачини: Феноменот на неказнивост ги охрабрува мразачите!

„Говорот на омраза е најзастапен на социјалните мрежи, најчесто е генериран од самите корисници, меѓутоа и од други ентитети како што се медиуми, комерцијални или политички ентитети кои создаваат содржини и ги пласираат на социјалните мрежи. Потоа доаѓаат порталите кои објавуваат информации, дел од тие вебпортали се професионални, меѓутоа има дел од порталите кои се непрофесионални и се вон сите новинарски стандард“, вели Петрит Сарачини, новинар и медиумски истражувач, во разговор за ЦИВИЛ Медиа.

МИСЛА

„Ментален затвор“ за борците за човекови права и слободи во „судница во главниот град на една мала, сиромашна и напатена земја“, пресуда во полза на „човечкиот морален отпад, да извршуваат валкани задачи за грст нечесно стекнати сребреници што им ги фрла криминалната банда која лажно се претставува како политичка елита“, вистинска приказна на Џабир Дерала.

„A кој воопшто рекол дека мора“, вели Зоран Иванов, разглобувајќи го прашањето за тоа дали Македонија дома може да се нарекува само Македонија и колку таа тема е бесполезна увезената дилема.

„Целата ова ујдурма од Грција, во наменски пакет на сеирџиството од недобивањето датум за преговори, еве, се пренесува и кај нас. Ама и паничарите во Грција и сеирџиите во Македонија го игнорираат клучниот факт дека името на нашата држава е сега Северна Македонија. И дома и надвор. Службено не службено, доброволно, не доброволно, присилно, не присилно, сакале, не сакале, тоа е“, пишува Иванов.

Членови на текстилниот кластер (работодавачи) вчера дискутирале за покачувањето на минималната плата…, и муабетот се свел на „Лошиот работник“ наспроти „добрите работодавци“ – сè за 14.000 минимална плата, вели Симона М. Живкова.

„Се водела бурна дебата меѓу „текстилците“ за 14.000 денари и веќе точно знаеме што нѐ чека од јануари: враќање пари на работодавците, притисоци, уцени, откази… Самото тоа што барате можност да кратите и од вака малите и јадни плати што ги давате, со сите манипулации, покажува дека вие сè уште мислите дека сте некоја посебна категорија граѓани и дека можете да си дозволите јавно да барате работниците да ви бидат робови, нивните деца да трпат за парче леб, додека вашите ги праќате на екскурзии низ светот од 16 години“, пишува Живкова.

Биљана Јорднаовска

во соработка со: Дехран Муратов, Маја Ивановска, Џабир Дерала, Симона М. Живкова, Зоран Иванов

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ