• Latest

Национал-шовинистите во хајка со говор на омраза против Џабир Дерала

January 14, 2020
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Национал-шовинистите во хајка со говор на омраза против Џабир Дерала

Школски пример за функционирањето на вмровската национал-шовинистичка ботовска машинерија е последниот случај со нападите врз претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Тој е под жесток напад на ботовската машинерија на Твитер.

January 14, 2020 17:16
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ГРАЃАНСКА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Покрај тоа што техничката влада нè потсети на ужасите од десетгодишното владеење на МВРО, деновиве можеме да се потсетиме како функционираа вмровските ботови во истиот период.

Далеку од тоа дека нивните активности згаснаа, но откако на функција стапи техничкиот министер за внатрешни работи, ботовите ја впрегнаа сета своја сила во оцрнување и закани кон сите неистомисленици, ако воопшто може така да се наречат, ако се земе предвид дека не е докажано колку тие навистина мислат со своја глава.

Школски пример за функционирањето на вмровската национал-шовинистичка ботовска машинерија е последниот случај со нападите врз претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Тој е под жесток напад на ботовската машинерија на Твитер, и тоа, за текст кој верувале или не не го напишал тој, туку само го споделил. Штета што заборавиле тоа да им го кажат кога кренале нападите. Или што барем самите не се потрудиле да го отворат истиот и да видат за што се работи.

Под објавата на Дерала, во која го споделува текстот на колега, се нижат еден под друг десетици изблици на говор на омраза насочени кон него, со барања „да се исели од државата, еден шиптар помалку и во Македонија си само гостин“.

Дека деновиве говорот на омразата на големо се враќа на дневно политичката сцена говори и техничкиот премиер, Оливер Спасовски, кој на денешната прес-конференција изјави дека говорот на омраза, веќе присутен на социјалните мрежи и по медиумите, дополнително се засили.

Спасовски опомената за нулта толеранција кон говорот на омраза ја стави во контекст на предвремените парламентарни избори на 12 април.

„Очекувам професионална соработка помеѓу Владата и Собранието, а особено со Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата, домашните и меѓународните набљудувачи, како и со сите органи и тела кои имаат улога во организацијата и спроведувањето на изборите. Со организацијата на локалните избори во 2017 година, на референдумот во 2018 година и на претседателските избори во 2019 година поставивме стандарди кои не смеат да бидат нарушени и кои ќе бидат водилка и за организација на изборите закажани за 12 април оваа година“, изјави Спасовски.

ЦИВИЛ најави дека ќе ги повика Министерството за внатрешни работи и Одделението за компјутерски криминал веднаш да реагираат и да спроведат истрага за говорот на омраза упатен кон Дерала, но и кон сите други јавни личности кои се мета на говорот на омразата. Ова, особено затоа што е утврдено дека меѓу организаторите и поддржувачите на овие хајки се наоѓаат и функционери на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Би било добро партијата сериозно да се позанимава со ваквите свои продукти, кои подоцна им излегуваат од контрола, па им/ни се случуваат и ликови како Емил Јакимовски, кои со недели го тормозат целото општество, а кои се надеваат на поддршката на новиот технички министер, бидејќи „е наш“!

Маја Ивановска

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ