• Latest
Добро утро со Орданоски

Ѓубрето е чисто, а и одамна фино мириса!

January 21, 2020

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Ѓубрето е чисто, а и одамна фино мириса!

Гледате, Груевски, преку градоначалникот Коце Трајановски – да не бидам погрешно сфатен, и да сакал, немал Коце можност поинаку да постапува! – беше подготвен да ги влоши и меѓудржавните односи со Германија, само за да ги задржи – до вчера – италијанските инвеститори во „Дрисла“.

January 21, 2020 07:26
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Приказната за балканската преработка на отпадот што стигнува од Италија на Балканот, пред сè во Бугарија, е со висок степен на втемелени сомнежи за криминал и корупција. Во последните неколку години, таа тема е добро обработена во медиумите во Бугарија, а дури и без да влегуваме во детали за имињата на компаниите и тамошните главни мешетари во тој бизнис, заклучоците се дека се работи за еден од најголемите бизниси на, за балкански услови, респектабилната бугарска мафија, која располага со свои банки, партии, железнички транспорт, енергетски систем и сл. Впрочем, со години по ред се водат низа полициски истраги и судски процеси во повеќе европски земји, бидејќи не се работи само за илегално стекнати и испрани милиони евра, туку и за катастрофалните последици по животната средина поради согорувањето на тој отпад.

За процутот на оваа стопанска „дејност“ помеѓу Италија и Бугарија постојат многу причини – компликуваните дозволи и контролата за уништувањето на отпадот во Италија итн., наспроти, „на хартија“, подеднакво строгите критериуми кај „помладиот“ европски партнер како Бугарија, но со далеку „пофлексибилен“ режим за надзор и инспекции во бизнисот. Плус, поевтината работна рака и пониските цени за транспорт, за складирање и за уништување на отпадот.

Бизнис моделот е едноставен: ако во Италија метрички тон отпад – да не влегуваме во деталите за различната класификација на различни видови ѓубре – се откупува за понатамошен третман за околу 140 евра по тон, цената што ја бараат бугарските компании е околу стотина евра за истото количество, што создава околу 45-60 евра разлика по тон на пазарот. Бидејќи кај нашиот источен сосед се работи за повеќе милиони тони обработка на отпад годишно, пресметајте сами колкав е профитот…

Всушност, на италијанската мафија ѝ е поевтино ѓубрето да го натоварат на брод и бродот да го потопат на сред Медитеранот, отколку да го обработуваат во Италија.

Бугарските медиуми велат дека само за ѓубрето коешто пристигнува од Италија преку бугарското пристаниште Бургас, заработката може да се движи околу 80-100 милиони евра годишно. Но, Бугарите не би биле толку интелигентна нација каква што се, ако конкретни претставници на нашите „источни брачеди“ овој профит не го удвојат: согорувањето на овој проблематичен отпад се одвива и во неколку термоцентрали во „посредно-директна“ сопственост на бизнисите со ѓубре, со што се добива евтино енергетско гориво за производство на струја, со чија продажба се дуплира профитот! Цело е кога има сè – ингениозно!

Не треба човек да е многу упатен за да сфати дека, со толкави заработки, на нашиве балкански простори нема цариник, инспектор, началник или министер кој не може да се купи (или да се елиминира!) за да ги наштелува мерните инструменти, да гледа „на страна“ кога поминува одредена композиција натоварена со отпад или да се прави „на удрен“ ако треба да се спроведе истрага или вонредна контрола. Тоа се истите структури во Бугарија кои и по повод најновите тамошни настани излегуваат со смирувачки соопштенија и официјални деманти на претходно објавените вознемирувачки информации.

И така тоа со години: сè е според законот, освен што економските, еколошките, правните и политичките последици се надвор од секоја здраворазумска логика!

Сепак, благодарение на бугарските политички и криминални скандали врзани со увозот и преработката на ѓубрето, овдешната јавност деновиве дознава за вклученост во сопственичките и деловните односи на овие компании и од страна на истакнати „ѓубретари“ во Македонија.

Се разбира дека и кај нас целиот овој бизнис се одвива според законот! Нема потреба од вознемирување, сè е под официјална, долгогодишна контрола, главно на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Но, гледате, Груевски, преку градоначалникот Коце Трајановски – да не бидам погрешно сфатен, и да сакал, немал Коце можност поинаку да постапува! – беше подготвен да ги влоши и меѓудржавните односи со Германија, само за да ги задржи – до вчера – италијанските инвеститори во „Дрисла“.

А јас сум речиси сигурен дека, кога би се расчепкале „бугарските врски“ на високиот ешалон на еднодецениската власт на Груевски, од таму би излегло толку разновидно „ѓубре“, тешко повеќе стотици милиони евра, што ни „Дрисла“ не би можела да го „обработи“ – под услов да добие дозвола да го увезе.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ