• Latest
Добро утро со Орданоски

Време е „Медена земја“ да се забрани!

January 27, 2020

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Време е „Медена земја“ да се забрани!

Немаме уште многу време за единствено исправна реакција: филмот „Медена земја“ да се забрани за прикажување и какво било натамошно спомнување, а на неговите творци да им се отповикаат пасошите за да не можат да се вратат во татковината, бидејќи нацијата не може веќе да го апсорбира нивниот, нашиот успех!

January 27, 2020 07:19
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Не е фер, целава приказна со „Медена земја“ тотално нè растури! Уште една врвна награда викендов!? Страшно! Македонија, апсолутно, не е подготвена за ваков голем успех, а добрите вести никако да застанат!

Ние сме, обично, навикнати на уцвиленост, сè нешто да се браниме од сите, најкомотно се чувствуваме меѓу Табановци и Богородица, а светот околу нас го доживуваме повеќе како закана, отколку како шанса… „Наведната глава…“ и така натаму.

А, овие со филмов кога нè запукаа, глава не знаеме кај ни е! Директен напад врз нашиот мал, провинцијален менталитет, во кој така комотно се препелкаме кога меѓусебно се глодаме, си завидуваме и си подметнуваме, во нашата мала, балканска, зачадена кафеана.

Но, феноменално успешнава филмска навреда не доаѓа само како еден „обичен“ атак врз нашата уметничка позиција во светот, туку е и на едно „повисоко“, поапстрактно идентитетско ниво: не може да е случајно што филмската екипа е толку етнички мешана, како некој намерно да сакал Македонија да ја обезличи! Срамота – иако требаше да ни биде јасно дека сè е отидено у мајчину уште кога ја видовме таа рурална, заостаната, егзотична слика за Македонија која на светот му се гледа спектакуларно привлечна…

Не, за ова мора да има одговорност! За почеток, предлагам Пописот да се одложи на неодредени 30 години од сега, додека сите детали за оваа национална брука не се расчистат.

Шега на страна, приказната за „Медена земја“ е поучна во многу општествени, па и политички димензии.

Прво, таа по којзнае кој пат, но сега со дефинитивна убедливост, го потврдува најдобриот извозен производ што може да се направи во земјичево: културата. Има смисла да се покачат вложувањата (не само во пари) и во филм и во романи и во поезија и во музика и во сликарство и во сето друго од таа уметничка фела, бидејќи еден ваков грандиозен успех подобро „ни ги враќа парите“ од сите досегашни државни промоции на Македонија во странство. Економски, ако знаеме добро да го мултиплицираме ефектот од „Медена земја“, македонското стопанство може да види стопати поголема корист од парите инвестирани во самиот филм.

Второ, „Медена земја“ е супериорен доказ дека „разликите обединуваат“ и дека „Едно општество за сите“ е совршено логична општествена формула, а не политичка, празна флоскула. За ова може кој што сака да каже – во општествено-политичката хистерија на Фејсбук има томови напишани статуси со различни нивоа на омраза и злоба од сите бои и припадности – но, нема ништо поубаво од тоа кога успесите можеме да ги споделиме заедно, како извонредна комбинација од (главно, не по наша вина) нашите разлики.

Конечно, кому нормален, вон нашава зачадена провинциска меана, му е гајле што во целиов спектакл сме „заведени“ под „Република Северна Македонија“? Целата таа „северџанска“ кумулативна кампања на навреди и омаловажувања се распрснува како меур од сапуница, оддуван од виорот на светот кому единствено му е важно што и како создаваш. Совршено е неважно дали си Коби, Ајншајн или Атиџе, ако тоа што го правиш ги допира срцата на милиони други…

Според тоа, немаме уште многу време за единствено исправна реакција: филмот „Медена земја“ да се забрани за прикажување и какво било натамошно спомнување, а на неговите творци да им се отповикаат пасошите за да не можат да се вратат во татковината, бидејќи нацијата не може веќе да го апсорбира нивниот, нашиот успех!

Ајде, сега, сите назад на скандалите и аферите, бидејќи тоа, сепак, најдобро умееме да го правиме. Кого судиме денеска?

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ