• Latest
Добро утро со Орданоски

Отворено писмо до Ѕвездан Георгиевски

January 30, 2020
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Отворено писмо до Ѕвездан Георгиевски

На колегата Георгиевски и на Фондацијата „Славко Јаневски“ им предлагам да го заборават – да употребам пристоен израз – градоначалникот Шилегов и што поитно да објават жиро-сметка на која, според принципот на приватни донации од поединци, а и фирми – крауд фандинг, во кирилична транскрипција – би се собрале средства за финансирање на наградата Роман на годината..

January 30, 2020 07:09
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Го следам напорот со кој колегата Ѕвездан Георгиевски со недели, од петни жили, се обидува да го сочува континуитетот и дигнитетот на наградата „Роман на годината“, признание воспоставено пред 21 година од некогашниот угледен дневен „Утрински весник“, по чие згаснување во 2017 година традицијта ја превзема Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“. Годинава, за финансиска поддршка на наградата – во висина од неверојатно „големи“, нецели 5.000 евра! – на конкурсот на Град Скопје во име на Фондацијата конкурирал Културно-информативниот центар.

Последните информации што Ѕвездан ги сподели со јавноста се дека градската управа, без посебно објаснување, ја повлекол поддршката за наградата, иако Градот од минатата година самиот ја иницирал таа соработка. Процесот за доделување на наградата, традиционално во месец март секоја година, е во полна пареа, бидејќи петчленото жири на наградата веќе ја врши селекцијата меѓу 38 добиени дела кои конкурирале годинава.

Сега Ѕвездан, во име на Фондацијата, е доведен во ситуација јавно да го повикува Градот – читај: Петрета Шилегов, нашиот амбициозен и самоуверен Градски Татко – да ја ревидира одлуката за откажување на поддршката за наградата, ставајќи се и себеси и доблесната мисија што се труди да ја негува оваа Фондација во непристојна состојба да се „мољака“ пред градската администрација која, сигурно, има многу основани причини тие 5.000 евра да ги потроши на некои непроценливо поважни и приоритетни градски проекти.

Јас, пак, на колегата Георгиевски и на Фондацијата „Славко Јаневски“ им предлагам да го заборават – да употребам пристоен израз – градоначалникот Шилегов и што поитно да објават жиро-сметка на која, според принципот на приватни донации од поединци, а и фирми – крауд фандинг, во кирилична транскрипција – би се собрале средства за финансирање на наградата. До месец март, со поддршка на сите информативни медиуми кои ќе сакаат да се вклучат во акцијата, на таа сметка можеби ќе се соберат 500 евра, а можеби и сите 5.000, но тие ќе бидат донирани од искрени поддржувачи на љубителите на литературата.

Тоа, сигурен сум, ќе биде далеку поголема сатисфакција за наградениот автор/ка, отколку „искамчувањето“ на наградниот фонд „низ“ милоста на бирократските постапки и политичките преференции на актуелниот Градоначалник.

Ѕвездане, убаво би било оваа идеја, ако ја прифатите во Фондацијата, да биде новата традиција со која секоја година ќе помогнеме да се одржи наградата „Роман на годината“. Ако смеам да се надевам, ќе има во тоа и една повисока симболика во поддршката на македонската култура и уметност, а и наша, граѓанска, заедничка инвестиција во „човечкиот капитал“, што би рекла власта, во годината во која се потврдува дека токму културата и уметноста се најдобрите производи што се создаваат на овие простори.

Поздрав.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ