„По две и пол години водење силна и одговорна економска политика направивме економски пресврт“, напиша утрово премиерот Оливер Спасовски на својата официјална страна на Фејсбук.
https://www.facebook.com/o.spasovski/posts/1485415314969420
„Од БДП -1,8 проценти, постигнавме просечна вредност на БДП од 3,5 проценти. Од минимална плата 9.000 денари, сега имаме минимална плата од 14.500 денари, а просечната плата изнесува 25.787 денари. Невработеноста во третиот квартал во 2019 година е намалена на рекордно ниски 17,1 проценти“, напиша Спасовски.