ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Сајбер нападите – предизборно оружје“ на која ќе стане збор за сајбер нападите врз интернет медиумите и како тие се користат како предизборно „оружје“. На панел дискусијата, панелистите ќе споделат информации и искуства на оваа тема, актуелна во светот и кај нас. Панел дискусијата ќе се одржи во хотел Парк Резиденс (зад фудбалскиот стадион во Градски Парк), четврток, 6 февруари 2020, со почеток во 12 часот.
Што се сајбер нападите, како тие влијаат врз работата на медиумите, какви комерцијални, медиумски и политички импликации имаат и како тие се користат како предизборно „оружје“, се дел од прашањата на кои ќе говорат панелистите на ЦИВИЛ.
Непосреден повод за оваа тема се зачестените сајбер напади врз интернет медиумите во предизборниот период. Меѓу метите на сајбер напади се и Слободен печат, ЦИВИЛ МЕДИА, како и низа други интернет медиуми.
Како и секогаш, настанот е отворен за јавноста, а присуството на панел дискусијата е можност и за директно вклучување со коментари, сознанија и искуства со сајбер нападите.
ЦИВИЛ Тим за комуникации