• Latest

Прекршочна пријава за српска активистка за комеморација за жртвите во Сребреница!?

February 3, 2016

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Прекршочна пријава за српска активистка за комеморација за жртвите во Сребреница!?

February 3, 2016 16:29
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Анита Митиќ, активистка од Младинската иницијатива за човекови права од Србија, денеска во 11 часот, во Судот за прекршоци во Белград, беше на првото сослушување за прекршочната пријава за организирање на комеморација за одбележување на 20-годишнината од масакрот во Сребреница!

Минатата година, во име на својата организација, таа на Фејсбук, ги повика граѓанките и граѓаните на Србија да се приклучат на комеморацијата, и на тој начин, на 10 јули 2015, да се одбележи, за да не се заборави – геноцидот во Сребреница. Таа беше една од организаторите на планираниот настан #sedamhiljada, со цел симболично да се соберат 7.000 луѓе, и на тој начин да се оддаде почит на исто толку стрелани бошњачки мажи и момчиња во Сребреница од босанските Срби во јули 1995 година.

Повикувајќи се на безбедносни ризици, српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, го забрани, закажаниот и уредно пријавен, јавен собир. Според тогашните негови изјави, морал да преземе мерки кои ќе гарантираат мир и безбедност, бидејќи истовремено, многу десничарски групи ќе се обидат да одржат собир.

Анита Митиќ беше една од 200 лица, која и покрај забраната, на денот кога беше закажан собирот, излезе, и со свеќа во раце, ја одбележи 20-годишнината од масакрот во Сребреница. Одговорот на ваквиот пркос беше контра-протестот на десничарските групи кои со транспаренти „Престанете да лажете за Сребреница!“, пееле националистички песни.

Истовремено, во Босна, на комеморацијата во Сребреница, српскиот премиер, Александар Вучиќ, беше нападнат од ожалостените Бошњаци и беше принуден да го напушти настанот.

Во интервјуто за BalkanInsight, на 29 јануари, Митиќ изјави: “Тоа е доказ дека српскиот премиер може да оди на комеморацијата за геноцид во Сребреница, но дека Белград нема ништо со тоа. Тоа значи дека признавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница и на одговорните луѓе, не е дозволено во Белград “

Иако Вучиќ беше на официјалната комеморација, и покрај пресудите на меѓународните судови, официјален Белград, одбива да го признае масакрот во Сребреница како геноцид. Митиќ на тоа одговара дека со самото тоа што зборот „геноцид“ бил ставен во наводници во прекршочната пријава, е уште еден знак за континуирана политика на негирање на српските власти.

Акцијата која Младинската иницијатива за човекови права ја подготвуваше за денеска пред судот, фотографирање со транспарентот #NijeOnaNegoJa, е дел од кампањата која ги собра сите граѓанки и граѓани кои на 10 јули 2015, почуствувале дека требале да излезат на улица во чест на жртвите на Сребреница, и кои, како Митиќ, преку социјалните мрежи ги поканиле своите пријатели да го сторат истото.

ЦИВИЛ изразува поддршка до Иницијативата и до активиската Митиќ, повикувајќи ги да не се откажат од борбата за човекови права и слободи. Соочувањето со минатото и со обидите за негово фалсификување, во насока на оние кои што како „побединици“ излегуваат од воените конфликти, е  предизвик за согледување и прифаќање на вистината.

„Од најголема важност е да се развие конструктивен и идноориентиран концепт за справување со минатото за сите постконфликтни општества и земји кои транзитираат кон демократија“.

Со оваа порака од „Соочување со реалноста“, публицирана од ЦИВИЛ и Форум Цивилен мировен сервис – Македонија, на госпоѓа Митиќ и на нејзините истомисленици во Србија, им посакуваме истрајност во нивната борба како активисти, за граѓаните на Србија да успеат на мирен и демократски начин да го надминат конфликтното минато.

Подготвила: Б. Јордановска 

 

 

 

Tags: Анита МитиќгеноцидСребреницаФорум Цивилен мировен сервисЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ