• Latest

Мобилниот телефон ќе се користи за лична идентификација при склучување договори

February 7, 2020

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Мобилниот телефон ќе се користи за лична идентификација при склучување договори

February 7, 2020 14:55
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со камерата од мобилните уреди во иднина граѓаните ќе може да вршат нивна лична идентификација и на тој начин нема да мора физички да бидат присутни при склучување договори за платежни картички, кориснички договори со телекомуникациски оператори или при добивање јавни услуги. Алатката ќе се креира во соработка со „Мастеркард“ од каде што тврдат дека системот ќе биде безбеден и оти неможе да има злоупотреба на личните податоци.

„Минавме низ ригорозно испитување на биометриката и она што е важно дека системот не ги зачувува информациите за луѓето што значи не постои база на податоци која ќе може да биде хакирана, изјави заменик“, претседателот на „Мастеркард“, Чарлс Валтон на денешното потпишување на меморандумот за соработка со Владата.

Со оваа алатка, според министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, повеќе нема да биде потребно физичко присуство на лицето, туку пенкалото за потпис ќе стане мобилниот уред и неговата камера.

„За почнување нов договор за платежна картичка или нов кориснички договор во која било компанија за одредена телеком услуга или за аплицирање и добивање јавни услуги, идентификацијата ќе се врши преку камерата на вашиот мобилен уред без разлика каде се наоѓате физички и во кој дел од светот“, рече Манчевски.

Додаде дека за првите 150 илјади корисници на порталот Uslugi.gov.mk предвидени се пет бесплатни потпишувања на електронските услуги во првите 12 месеци од почнувањето на акцискиот план. Реализацијата на овој проект, како што појасни, нема да ја чини државата финансиски средства. Од страна на „Мастеркард“ ќе бидат одвоени околу три милиони евра.

„Меморандумот не значи екслузивитет за „Мастеркард“, туку напротив со него само се воспоставува нова технологија за препознавање на идентитетот на граѓаните што налага имплементација на слични технологии и за другите издавачи на електронски сертификати“, појасни Манчевски.

Формирана е работна група од сите надлежни институции, а министерката за финансии Нина Ангеловска очекува во следниот период да биде подготвено решението и да стане достапно за граѓаните.

„Придобивки има многу, но и предизвици и ризици. За успешна реализација на еден ваков проект потребна е силна меѓусекторска соработка, волја за промени, градење на свеста и капацитетите пред се кај администарцијата и јакнење на дигиталните вештини кај населението. Дали едно решение ќе биде прифатено зависи од тоа колку тоа е лесно за користење“, рече Ангеловска.

Република Северна Македонија е една од првите земји во Европа каде населението ќе добие можност за електронски идентитет. Земјата, како што појасни заменик-претседателот на Мастеркард, е избрана поради посветеноста на државата за дигитални промени.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ