• Latest

7 февруари: Нова ЕУ методологија, тешките задачи на ДКСК, Спасовски чист пред законот, Мизрахи со противуставни акти…

February 7, 2020

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

7 февруари: Нова ЕУ методологија, тешките задачи на ДКСК, Спасовски чист пред законот, Мизрахи со противуставни акти…

February 7, 2020 18:35
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Жбогар ја презентираше новата методологија за преговарање на земјите-кандидати

Евроамбасадорот Самуел Жбогар ја промовираше новата методологија за преговарање на земјите кандидати што завчера ја објави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Жбогар ја оцени методологијата како документ кој обезбедува добар баланс меѓу различните ставови на земјите членки, оние што имаат проблеми со процесот на проширување и оние кои се големи промотори на проширувањето.

Кредибилност, поголемо политичко управување со процесот, предвидливост и динамичност се четирите принципи на кои се базира новата методологија, а со неа земјите-членки ќе имаат поголема улога во оценувањето на напредокот на земјите кои преговараат.

Вклучувањето на секоја земја-членка во проценката на прогресот, според Жбогар нема да го направи преговарањето процес без крај, туку напротив на тој начин земјите-членки ќе бидат ставени во игра доволно рано во преговорите за да нема никакви проблеми подоцна и тие понатаму да ја преиспитуваат одлуката на Европската комисија.

„Целта е да се избегнат одложувањата, во случај земјите-членки да имаат различни гледишта“, рече Жбогар и додаде дека досега процесот меѓу земјите-членки се гледал како сопственост на ЕК.

Преговорите ќе се водат на подинамичен начин преку кластерите (групи на поглавја) кои ќе се отвораат зависно од проценката на напредокот во земјата кандидат, но останува принципот според кој поглавјата поврзани за владеењето на правото и правдата се темел на целиот процес.

Жбогар смета дека институциите во земјава имаат капацитет за новата методологија, но и дека е потребно да се покаже  волја за нејзина примена, доколку таа биде усвоена.

„Законот за јавно обвинителство треба да се донесе бидејќи со тоа ќе покажете промена на начинот на мислење, она што е минимумот, потребен да се направи за отворање на преговори во насока на тоа како да ги искористиме максимално преговорите за промена на државата, со цел да спречите младите луѓе да си заминуваат од земјата“, изјави Жбогар.

БЛИЦ: ДКСК има тешка задача

Дехран Муратов: ДКСК донесе одлуки во неколку случаи на судир на интереси, од кои во два татковците имаат главна улога во Советот на Јавни обвинители и Основниот суд во Кичево. Во еден случај, имаме директор без завршено средно образование!

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Георгиев: Спасовски нема судир на интереси или финансиска поврзаност со бензинската „Пин Петрол“

„Утврдивме дека поранешниот министер нема никаква поврзаност со сопственичката и управувачката структура на бензинската, што на негово барање се постапува и во однос на неговата имотна состојба. Што се однесува на судирот на интереси помеѓу советникот на министерот и еден од сопствениците на бензинската пумпа констатиравме дека целата постапка е спроведена според законот за возила и испочитувани се сите процедури во МВР, а наводите не се потврдени“, истакна Владимир Георгиев член на Комисијата.

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ: Во недостиг на политичка волја, а под силен притисок

Останува отворено прашањето како со опозиција што единствено изразува волја да ја сруши сегашната власт по секоја цена и да си ги одбрани сопствените криминали, може да се очекува градење на демократски систем, доволно силен да ги спроведе потребните реформи.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО…

За кои авио билети се „загрижи“ ВМРО-ДПМНЕ?

Загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за тоа дали се потрошиле државни пари за авио билет на Заев, нѐ инспирираше да се потсетиме како се трошеа народните пари на граѓаните додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. На алатката за отчетност повеќе не се наоѓаат овие податоци, но затоа истите може да се најдат на достапните табели со трошоци на сите функционери во делот на отворени податоци (линк до табелата со сите податоци ТУКА).

Најинтересни се трошоците за авио билети на двајца безресосни министри, Бил Павлески и Џери Наумов, на чии големи достигнувања во полето на странски инвестиции не се сеќава никој. За авио билети потрошиле вртоглави 4.807.175,00 денари и тоа Бил Павлески 2.206.822,00 денари, а Џери Наумов 2 600 353, 00 мкд. Тоа е поради фактот дека овие податоци во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ не беа јавно достапни, иако се работи за пари на граѓаните.

Мизрахи противуставно во МТСП ја врати старата табла во која отсуствува Северна во името на државата

Техничката министерка, предложена од ВМРО-ДПМНЕ, ја променила таблата со името на министерството и уставното име на државата Република Северна Македонија и поставила стара табла со старото име Република Македонија.

Мобилниот телефон ќе се користи за лична идентификација при склучување договори

Со камерата од мобилните уреди во иднина граѓаните ќе може да вршат нивна лична идентификација и на тој начин нема да мора физички да бидат присутни при склучување договори за платежни картички, кориснички договори со телекомуникациски оператори или при добивање јавни услуги. Алатката ќе се креира во соработка со „Мастеркард“ од каде што тврдат дека системот ќе биде безбеден и оти не може да има злоупотреба на личните податоци.

Со оваа алатка, според министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, повеќе нема да биде потребно физичко присуство на лицето, туку пенкалото за потпис ќе стане мобилниот уред и неговата камера.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ со семинар „Граѓански објектив: транпарентност и одгоровност во политичките процеси“

ЦИВИЛ ќе одржи еднодневен регионален семинар „Граѓански објектив: транспарентност и одговорност во политичките процеси“ во Струмица, утре ( 8 февруари) од 10:30 часот до 17 часот во хотелот Есперанто. Семинарите на ЦИВИЛ кои се дел од проектот „Граѓански објектив“, претставуваат можност за граѓанките и граѓаните да се запознаат со основите на човековите права, основите на новинарското известување, граѓанскиот активизам, како и со вештините на мониторингот и граѓанското учество во Струмица.

Рокот за пријавување за долгорочно набљудување истекува утре во 12 часот напладне

ЦИВИЛ ги повикува своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за долгорочни набљудувачи. (ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА).

Рокот истекува утре, 8 февруари до 12 часот напладне. Избраните долгорочни набљудувачи ќе им се придружат на постојните веќе на 11 февруари, со обуката што ќе ја обезбеди ЦИВИЛ во Скопје.

Предност во процесот на избор за набљудувачи, како и секогаш, имаат членовите и поддржувачите на ЦИВИЛ, поранешни набљудувачи, како и оние што учествувале на семинарите за граѓанско новинарство.

Кандидатите што нема да бидат селектирани за долгорочно набљудување, ќе имаат можност да останат во мрежата на краткорочни набљудувачи.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Таман мислиш си го преживеал претходниот ден без да збудалиш, а утредента констатираш дека одамна мора да си побудалел штом прифаќаш нормално да живееш со сите будалаштини околу тебе“, вели Сашо Орданоски во денешната колумна „Поздрав од Санта Моника, Калифорнија“

„Таа партија, вемерето, не само што е наследник на црното минато што како облак е над животот на луѓето до денешен ден, туку истите луѓе, протагонисти на крајно нечовечниот режим, секојдневно шират своите лажни вести и дезинформации и спроведуваат црна, антимакедонска кампања. Истите тие ликови, без трошка срам, се разбира, без да ги вратат украдените милијарди и во постојано бегство од правдата, одеднаш, се „загрижиле“ дека се потрошени државнЈанушев е загрижен за тоа дека Владата трошела многу пари на авио билетии пари за авио билет на Владата на Зоран Заев“, рафално од Џабир Дерала „инспириран“ од Јанушев кој одеднаш е многу загрижен за тоа дека Владата трошела многу пари на авио билети. – Дечко, дај уште еден бизон ваму!

К-15, па ако треба и К-16  поентира Џевдет Хајредини поттикнат од министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски: Господин министер Манчевски, на тие што, исто како Груевски, платата веќе три години без да дојдат на работа им ја праќаш дома, немаш право да не им платиш К-15.

Биљана Јордановска

Во соработка со Дијана Тахири, Дехран Муратов, Ангела Петровска, Сашо Орданоски, Арбен Зеќири, Џевдет Хајредини и Џабир Дерала

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ