ЦИВИЛ ги повикува своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за долгорочни набљудувачи. (ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА).
Рокот истекува утре, 8 февруари до 12 часот напладне. Избраните долгорочни набљудувачи ќе им се придружат на постојните веќе на 11 февруари, со обуката што ќе ја обезбеди ЦИВИЛ во Скопје.
Предност во процесот на избор за набљудувачи, како и секогаш, имаат членовите и поддржувачите на ЦИВИЛ, поранешни набљудувачи, како и оние што учествувале на семинарите за граѓанско новинарство.
Кандидатите што нема да бидат селектирани за долгорочно набљудување, ќе имаат можност да останат во мрежата на краткорочни набљудувачи.