• Latest

Во недостиг на политичка волја, а под силен притисок

February 7, 2020
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Во недостиг на политичка волја, а под силен притисок

Останува отворено прашањето како со опозиција што единствено изразува волја да ја сруши сегашната власт по секоја цена и да си ги одбрани сопствените криминали, може да се очекува градење на демократски систем, доволно силен да ги спроведе потребните реформи.

February 7, 2020 18:14
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Изборите се ближат, а роковите газат. За измените во Изборниот законик меѓу другите, излезе крив и ДУИ.  Вчера заклучивме дека сајбер нападите можат многу да влијаат во предизборниот период. Но, она што повеќе останува како предизборна проблематика е дали ќе има време за законот за Јавно обвинителство.

Точно, претседателот на Собранието најави дека нема никаква пречка да влезе во процедура на гласање Предлог законот за Јавно обвинителство, дури и ако се усогласи на 12 февруари до 23:00 часот.

Дека овој закон може да влијае не само на изборите, туку и на тоа како ќе се одвиваат пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската унија, укажа и евроамбасадорот Самуел Жбогар. Доколку се усогласи законот, ќе се покаже потребната политичка волја, вели тој.

А дека политичка волја нема, се гледа од многу други конкретни примери. На пример, како што изјави пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазаревска, ВМРО-ДПМНЕ го блокира и Предлог-законот за измена на Законот за исплата на платите. Или конкретно, одбивањето доаѓа од пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, како претседател на Комисијата за труд и социјална политика кој никако не сака да закаже седница на која ќе се расправа за овој закон. Доколку Предлог-законот не биде изгласан до распуштањето на Собранието, поради блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, вработените во високото образование со месеци нема да можат да го добијат покачувањето на платите што им следува.

Добар пример за немање политичка волја се и 56 ревизорски извештаи што упатуваат нап рекршување на законот или проневера на пари, а за кои надлежните институции немаат поведено постапка. Или ревизорските извештаи со години седат во фиоки, најмногу во Основнот јавно обвинителство. Зошто е тоа така, нема никаква информација. Останува само надешта на новиот Државен главен ревизор, Максим Ацевски, дека во наредниот период ќе добијат повратна информација за тоа што во суштина е направено со ревизорските извештаи во кои има индиции за сторено кривично или прекршочно дело.

Дури и за неопходното системско справување со корупцијата и воспоставување на вредносен демократски систем што произлезе како заклучок од денешната средба меѓу членовите на ДКСК и претседателот на државата Стево Пендаровски е потребна политичка волја.

Останува отворено прашањето како со опозиција што единствено изразува волја да ја сруши сегашната власт по секоја цена и да си ги одбрани сопствените криминали, може да се очекува градење на демократски систем, доволно силен да ги спроведе потребните реформи. Почнувајќи од долгорочните стратешки определби, завршувајќи со потребата од спроведуање на едни фини, слободни, фер и демократски избори.

Биљана Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ