• Latest

Забрчанец: Дезинформациите се опасност за демократијата и водат кон омраза и насилство

February 13, 2020
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Забрчанец: Дезинформациите се опасност за демократијата и водат кон омраза и насилство

February 13, 2020 12:46
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец, на панел дискусијата „Слободни избори наспроти црната пропаганда“ која денеска ја организира ЦИВИЛ зборуваше за Националната стратегија за комуникации и за тоа колку Владата има волја да се справи со овие немили појави со кои се соочуваме во изминатите години.

„Владата е сериозно алармирана од појавата на црната пропаганда и сметаме дека во моментов во општеството постои можност за бунт насочен кон дезинформациите“, вели Забрчанец.

Тој изјави дека ширењето лажни вести повеќе не е мејнстрим политика, црната пропагандата не е мејнстрим политика.

„Сега гледаме едно поинакво однесување од оној период во кој бевме навикнати на нешто друго. Има сериозна промена во општествениот амбиент. Политиките на црната пропаганда се туркаат кон маргините на општеството. Секој може да зборува слободно и гласно, да ја критикува и власта и оние кои се дрзнуваат да шират дезинформации“, вели Забрчанец.

Тој зборуваше и за најсвежиот пример каде поранешен министер прошири вест дека 5 милиони евра се потрошени за кетеринг за Државниот архив, а нема пари за државна награда за ‘Медена земја’.

„Класична деизнформација. Ниту Архивот има толкав буџет, ниту е вистина дека нема награда за ‘Медена земја’. Има награда.  Не е од Министертсвото за култура, туку од друга фиока од буџетот, но наградата е обезбедена“, вели Забрчанец.

Тој смета дека кога поранешни функционери сподделуваат лаги тие се соочуваат со јавноста.

„Ние имаме разбудено граѓанско општество и свесни граѓани кои знаат да препозанаат лаги и дезинформации. Дигиталното време ни овозможува критичката јавност да демонстрира отпор кон лажните вести“, вели Забрчанец.

„Владата затана во одбрана на вистината и кричката јавност. Ставивме предлог акциски план за креирање на национална стратегија за транспарентност по која работиме. Се уште постојат заробени институции како јавниот радиодифузен сервис, но прашање на време е кога тие трендови ќе стигнат што пошироко и подалеку во општеството.

Воведовме конкретни политики и практики. МИМ со години се бореше оваа тема да ја направи важна., како воведување на медиумска писменост во образованието. Целта ни е во 2021 да почне да се појавува како содржина во образовниот систем. Тоа е влог за идните генерации“, изјави тој.

Забрчанец е дециден дека дезинформациите се опасност за демократијата.

„Тие работат врз принципот на поттикнување на емоции коишто водат кон омраза, но и насилство. Пример е бранењето на споменикот на Александар Македонски од наводен „бугарски кран“. Да, лажењето не е кривично дело, но што кога лажната вест поттикнува кривично дело?“, вака Забрчанец го заврши првиот дел од своето обраќање, оставајќи простор за размислување и дебата.

Според Забрчанец капацитетот на општеството е поголемо од она на државата.

„Она што можат граѓаните, организациите и медиумите да го направат за подобрување на состојбата е да пристапат кон владата со конкретни иницијативи, да ги следат енер можностите кои ги дава владата, да се создадат платформи за соочување на различни политички партии“, вели Забрчанец.

„Граѓаните можат да ја видат разликата меѓу вистината и пропагандата, политичките партии имаат голема улога, тие се на широк мегдан на јавноста, ние веќе немаме национални медиуми кои отворено навиваат за една полиција опција, можеби една, мислам дека тоа е неутрализирано многу повеќе од порано, победникот на овие избори ќе се одлучува на социјалните мрежи“, додава Забрчанец.

Забрчанец вели дека останува на моќта и волјата на политичките партии дали ќе одберат социјалните мрежи да ги користат за промоција на своите програми или некои подземни структури тие групации ќе ги користат за оцрнување на противникот и ширење на црна пропаганда.

„Јавноста ќе има можност да препознае која политичка партија што користи“, додава Забрчанец.

М. Ивановска / А. Петровска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ