коментира: Дехран Муратов
Откако изминатите години, (пред избори), не им успеа пропагандата и дезинформациите за тоа дека ќе се населат илјадници мигранти (џихадисти) и дека во иднина ќе мора и христијаните, односно Македонците да се прават сунет, сега граѓан(к)ите „ги плашат“ дека во државата ќе се населат 1 000 000 (еден милион) Африканци.
Исламофобијата не им успеа, сега ќе пробаат да (си) ја заштитат белата раса од црномурестите Африканци. Расизмот е забранет со закон, освен ако си на собраниска говорница каде што може да кажеш сè и сешто и за тоа да не одговараш, оти имаш пратенички имунитет!
Пропагандата е пуштена на најјако, едните ќе шират параноја и ќе ги плашат граѓаните дека црнчиња ќе им шетаат по дома, други преку своите портали ќе шират Албанофобија, дека Албанците ќе бидат на личните карти, додека Македонците не. На претходните избори граѓаните ги плашеа со некаква „Тиранска платформа и кантонизацијата, ви текнува?!
На лагата кратки и се нозете, брзото разобличување на лагата и прикажување на вистината, само ќе им наштети отколку да им помогне со овие лажни вести кои имаат крато влијание.
БЛИЦ е рубрика на ЦИВИЛ МЕДИА во која објавуваме кратки, најчесто редакциски, коментари поврзани со веста на денот во рубриките ДНЕВНИК и ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, но и за други актуелни настани во земјата и во светот.
Сите права се задржани. Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.