Денеска имаме слобода, пратениците донесоа цела една лепеза од законите поврзани со судството, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од бината поставена пред судовите, на „Маршот за правда“.
„Отвориме ново поглавје во праводуството, многу пратеници застанаа зад Законот на јавното обвинителство, со овој закон ќе се завршат сите постапки од СЈО, ќе имаат правна разрешница, врз основа на фер и транпсаренти постапки“, истакна Заев.
Тој додаде дека на обвинетите ќе им се суди врз основа на закони, а бомбите ќе бидат само индиција,
„Нема скриена амнестија, секој што го прекршил законот ќе се соочи со одговорност, нашиот народ е желен за правда, за правична правда, Сега на ред се ЕУ и земјите членки“ рече лидерот на СДСМ Зоран Заев.
„Успеавме да обезбедиме двотреинско мнозинство, да ги поздравиме нашите 80 пратеници од македонскиот парламент. Покажуваме дека умееме и можеме да спроведеме реформи битни за граѓаните, битни за државата, битни за Европската Унија. Сега на ред е Европската Унија. Ние нашите ветувања ги исполнуваме, ред е ЕУ да ги оствари ветувањата и да ги отвори првите поглавја. Поминавме низ многу премрежија додека стигнавме до овде и затоа денеска имаме право да се радуваме! Успеавме народе! Успеа земјата наша!“, истакна тој.
„Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски не ви можат ништо, на вас е почитувани обвинители да ја испорачате правдата на нашата држава“, им порача Заев на обвинителите.
„И јас како индивидуа и сите во СДСМ не сме задоволни од испорачаното во правосудниот систем. Се што требаше да направи Владата и Собранието е направено. Се боревме против политичари кои се јавуваа и нарачуваа. Ние го ослободивме судството и затоа денеска чекориме, затоа што гориме, затоа што сме жедни и сакаме правда во нашата земја! Додека дишеме ќе се бориме за правда, како што се боревме за слобода и демократија! Не смее ниту партија ниту извршна власт да влезе во судската власт. Имаме обврска да бараме судската власт да се менува и тоа денеска го бараме! Имаме обврска да обезбедиме услови и за прочистување на правосудството. Северна Македонија не смее да биде заложник на лични криминални и партиски интереси“, истакна Заев.