• Latest

Граѓаните протестираат против Стевчо Јакимовски и урбаната мафија

February 5, 2016

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Граѓаните протестираат против Стевчо Јакимовски и урбаната мафија

February 5, 2016 15:08
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанките и граѓаните на општина Карпош веќе подолго време бараат одговори од градоначалникот Стевчо Јакимовски. Тие повикуваат на средба и прес-конференција утре (сабота), на 6 февруари, пред просториите на општината (кај училиштето „Лазо Трповски“ во населбата Карпош 3), со почеток во 12:30 часот.

Граѓаните сакаат да знаат како градоначалникот ги дефинира поимите фиктивен ДУП и фиктивни паркиралишта, бидејќи такво нешто во законите не постои? Какви гаранции нуди општината дека фиктивното нема да стане реално? На кој образец се доставуваат потписи за свикување на собир на граѓани и кои се законските услови за свикување на собир на граѓани? Што се прави во однос на приоритетите утврдени со Локалниот Акционен План за животна средина за периодот 2011-2017 и каде се резултатите од активностите преземени и ставени на хартија, поткрепени со буџет?

Партизански одреди
Од протестот на 30 јануари

Неформалните здруженија на граѓаните на општина Карпош исто така ќе побараат од Општина Карпош, наместо да му плаќа на „Сити мол“ паркинг места за жителите на Карпош кои живеат во контактните зони со молот, да ги искористи сите правни механизми и да му наложи на раководството на „Сити мол“ да си обезбеди бесплатен паркинг за своите посетители, како што прават сите молови во светот. Особено оние кои заради урбанистичка грешка се сместени сред станбени населби. Со тоа би ја избегнале апсурдната ситуација што ја предлага општината: жителите на Карпош „бесплатно“ да се паркираат во „Сити мол“, додека пред нивните згради бесплатно се паркираат посетителите на молот од цела Македонија, јужна Србија и Косово.

Тие побараа од општината да работи транспарентно, да ги вклучи граѓаните во процесите на донесување одлуки и да го штити јавниот интерес, а не интересот на урбаната мафија. Граѓаните исто така го потсетија градоначалникот и општинарите дека падот на вредноста на нивните станови заради деградирањето на животната околина со прекумерна изградба и хиперпродукција на станови – не е развој. Уништеното зеленило – не е развој. Издувните гасови, сообраќајниот метеж и загаденоста на воздухот – не се развој.

Во писмото со кое најавуваат прес-конференција, граѓаните најавуваат дека ќе протестираат сѐ додека не се исполнат нивните барања и ќе се борат против, како што велат, „профитерскиот урбанизам кој ги обезвреднува нашите имоти и го уништува препознатливиот квалитет на живеење во Карпош”.

Биљана Еверет

Tags: буџетДУПКарпошМакедонијаПротестСити МОлСтефчо Јакимовскиурбана мафијаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ