• Latest
Добро утро со Орданоски

Исто сценарио, стоти пат!

March 4, 2020
Фото: Б. Тахири

Дерала: Медиумите се слуги на партиските и олигархиските центри на моќ

October 9, 2025
Фото: Б. Тахири

Спасов: Измените на Изборниот законик се направени со Пржинскиот договор – тие норми се направени за тогаш, а не да траат до денес

October 9, 2025

Небиу: Изборите не се фер, пристапот кон парите, ресурсите, гласачите не е ист за сите

October 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американците не ја сакаат Трамповата федерална репресија со Националната гарда, тој сепак притиска напред

October 9, 2025
Вујкото на заложникот што го држи Хамас зборува за Си-Ен-Ен поради надежите за прекин на огнот. Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел проценува дека Хамас нема да може да ги врати останките на сите преостанати починати заложници

October 9, 2025

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност: Предизвици и решенија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Селими: Добро е за демократијата тоа што се уште „не умре“ граѓанскиот сектор

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Хоџиќ: Пукнаа полулистичките балони кога актуалната власт почна да ја користи придавката Северна, кога не го укинаа договорот со Бугарија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Незири: Има слобода на гласање, но има екстремна партизација – разликата од минатото е што порано имавме една партија, сега имаме повеќе партии

October 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Исто сценарио, стоти пат!

Класика. Координацијата за предизборните провокации меѓу ДУИ и ВМРО е воспоставена и за овие избори, улогите се поделени, тимовите се извежбани, тајмингот е усогласен.

March 4, 2020 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Пред секои избори, истите проверени финти: табли со нови имиња испишани на албански, кои можеле да се постават и пред два и пред 22 месеци, ама сега имаат специфична изборна „употребна“ вредност за да ги покачат меѓуетничките тензии… По што веднаш се објавуваат подготвените партиски соопштенија… Треба да се претпостави дека следуваат меѓуетничките „закачки“ по автобуси и во училишни дворови… Па повторно нови партиски соопштенија… Може и некоја посериозна тепачка да се организира, ако се извади некој дрвен крст или метален орел од специјализираните предизборни магацини за провокации… Е, тоа веќе заслужува патетични партиски прес-конференции за предавства и загрози… Па веднаш дузина дебатни емисии и расправии со познатите десетина ликови кои имаат за задача да ги засилат тензиите…

Класика. Координацијата за предизборните провокации меѓу ДУИ и ВМРО е воспоставена и за овие избори, улогите се поделени, тимовите се извежбани, тајмингот е усогласен.

Врвот се планира за 26 март, кога треба во Скопје да се сретнат фудбалските репрезентации на Македонија и Косово во плеј-офот на Лигата на нации. Како што може да се дознае, овдешните македонски и албански навивачки групи – главно деликвенти на услуга на разно-разни домашни полициски и политички подземја, со „експертска“ асистенција и од соседството – веќе се состанале, секој со своите групи најистакнати насилници (Македонциве, наводно, во некој манастирски двор во тетовско), каде се договарало како да се изведат нередите кои би ја натерале полицијата да интервенира… Ќе има и палење државни знамиња, веројатно и провокации кон косовските полицајци, кои ќе ги придружуваат навивачите од Косово, за сето тоа да оди во директен пренос на социјалните мрежи, за да може таму троловите и лудаците да ја засилат хистеријата и предизборно да ја „развлечат“ барем две недели… Плус десетина загрижени партиски соопштенија, десетина огорчени прес-конференции и десетина плукачки дебатни емисии… Бројот на одвратните твитови и фејсбук-статуси преку кои ќе се шири етничкиот говор на омраза не е утврден, тоа е оставено на самоиницијативноста и имагинацијата на знајните и незнајните будали распослани на интернет…

Тоа е планот. Големи се изгледите да им успее. Ако им се „посреќи“ во целиот хаос некој и да настрада, практично нема како да не им успее.

Така што, ова со училишниве табли, со тоа дека Заев е предавник на „родот и земјата“, дека мултиетничката коалиција на СДСМ и БЕСА е национален „срам“, со сите именувани и неименувани сејачи на омраза по социјалните мрежи и сл., е вовед во нешто што допрва ќе расте, ќе зрее, за да стигне и да се „набере“ на денот на изборите.

Многу пати сме ја виделе и сме ја преживеале оваа стратегија до сега, но овој пат влоговите се многу повисоки. Бидејќи, со целото евро-атлантско „цунами“, Македонија е на почеток на процесот на подолгорочна нормализација и развој, што, постепено, ќе остави многумина во нашата политика (и пара-политика) без работа, без приходи, без агенда. Повеќемина и без слобода.

Ако им пропадне оваа „тезга“, најголем број од нив и немаат со што друго да се занимаваат во животот. Да не се за ќотек, човек би можел да почне и да ги жали.

Треба да сте будала за да им наседнете. Тоа и ме плаши.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ