• Latest

Се нормализира работата на камионските превозници, од утре превоз со дозвола од ДЗСИ

March 23, 2020
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
Скриншот од видео на
The Free Press Journal

Најмалку 27 лица убиени во судирите меѓу Хамас и вооружени членови на клан во градот Газа

October 13, 2025
Скриншот од видео на АРТ

Десетици убиени во судирите меѓу Пакистан и Авганистан во најжестоките борби откако Талибанците се вратија на власт

October 13, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон го објави новиот кабинет со премиерот Себастијан Лекорну, додека притисокот околу буџетот се интензивира

October 13, 2025
Скриншот од видео на FOX news

Трамп размислува да испрати ракети „Томахавк“ во Украина

October 13, 2025
Израелски хеликоптери се упатуваат кон базата Реим за да ги примат вратените заложници. Фото: ИДФ

Првите седум ослободени заложници од Газа придружувани од ИДФ се враќаат во Израел, потврди војската

October 13, 2025

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Се нормализира работата на камионските превозници, од утре превоз со дозвола од ДЗСИ

March 23, 2020 12:30
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Полека го нормализираме работењето на транспортните компании кои вршат транспорт на стока во вакви услови. Непрекинато се одвива процесот на издавање лиценци, одобренија, дозволи. Во градежниот сектор реално засега нема поголем застој, но реално е да се очекува, оцени денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој потенцираше дека успеале да ги вратат заглавените возачи од кризните подачја, секојдневно добиваат и нови информации за наши граѓани блокирани на некоја од границите, но постојано се во комуникација со нашите амбасади во тие држави и се обидуваат во најбрзо време да ги донесат дома.

Сугарески најави дека од утре секој транспортер што ќе врши транспорт надвор од границите на државата ќе мора да извади дозвола од Државниот санитарени здравствен инспекторат. За да нема застој транспортерите треба да ги вадат дозволите преку  дозволите преку асоцијациите на транспортерите.

Во однос на дозволите за влез и излез во државата, појасни ресорниот министер, се дефинирани правила и е направено усогласување со Министерството за внатрешни работи, Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Царинската управа.

– Секоја компанија е потребно да поседува Довола за влез на територијата на РСМ која што се однесува на професионални возачи на товарни возила кои влегуваат на територијата на РСМ и кои се придржувале кон посебен здравствен и протоколарен режим за влез во државата кој е донесен од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Бидејќи во овие неколку денови имаше многу барања за дозволи, надлежните институции во неможност сите да ги изготват навремено,  се усогласивме излез од државата да се прави само врз основа на базата на податоци што ја поседува министертвото за транспорт и врски и валиден сертификат. Но, ваквата процедура ќе важи до утре и секој транспортер што ќе врши транспорт надвор од границите на државата ќе мора да ја извади оваа дозвола од Државниот санитарен и здравствен испекторат, рече Сугарески на прес-конференција.

Барањето за дозвола за професионалните возачи на товарни возила за влез на територијата на државата треба да содржи основни податоци за компанијата барател (назив, адреса, телефон за контакт), точниот број на дозволи кои ги побарува, лични податоци на возачите за секоја дозвола посебно, а за секоја барана дозвола треба да се наведат државите низ кои ќе се врши превозот на стока и за колку дена се планира да биде извршен превозот на стока.

Утврдени се и строги процедури за постапување во синџирот на утовар – растовар и превоз на стока во меѓународниот и внатрешниот превоз се со цел заштита од ширење на заразата со коронавирусот.  Тие процедури се однесуваат на работењето на магацинските делови за прием и испорака на стока, на царинските и граничните премини, на шпедитерските услуги и директно на возачите што го вршат превозот на стока во внатрешниот и меѓународен сообраќај.

Сугарески  потенцира дека и покрај новонастанатата состојба, непрекинато се одвива процесот на издавање лиценци, одобренија, дозволи…  – Меѓународниот товарен сообраќај се одвива без забрани, но со можни одредени забавувања при вршењето на превозот на граничните премини но тоа е поради нововоспоставените процедури и контроли поради корона вирусот, рече Сугарески.

Откако беа затворени за сообраќај двата аеродрома во држава, ставен е во мирување Договорит за субвенции од државата на нискобуџетниот авиопревозник Виз Ер.

Во мирување е и меѓународниот линиски и повремен превоз на патници, а со одлука на Владата меѓуградскиот и јавниот превоз се организира со ограничување на капацитетот за превоз на патници за 50 проценти во возилото, или со задолжително одржување растојание од најмалку два метри меѓу патниците. Мерката за намалување на 50 проценти од капацитетот на превозот важи и за железничкиот сообраќај, кој бележи намалување на патниците, од 1.800 лани во март на 400 месецов. Целиот капацитет на Железница Транспорт е ставен на располагање на стопанството за превоз на репроматеријалите за индустријата, така што, укажа министерот, ова е една олеснителна околност за сите фирми кои имаат потреба од овој вид транспорт.

Се уште се прават анализи какви негативни влијанија ќе има коронавирусот и врз градежниот сектор.

– Реално е да се очекува и очекуваме, но во овој момент сакам да информирам дека нема поголем застој во реализација на проектите.  Веќе излеговме со прв сет економски мерки со кои го олеснуваме работењето во секторите кои веќе ги чуствуваат последиците од коронавирусот. Деноноќно ја следиме ситуацијата, во континуирани разговори сме со бизнис зедницата како да ги намалиме последиците врз индустријата и севкупно врз стопанството, рече Сугарески.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ