• Latest

(23:00) Вонредна состојба, ден 7: Викенд забрана за движење на сите граѓани, комбинирана терапија за двајца заболени од Ковид-19, првите 4 милиони евра од ЕУ за итни потреби на РСМ…

March 25, 2020

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(23:00) Вонредна состојба, ден 7: Викенд забрана за движење на сите граѓани, комбинирана терапија за двајца заболени од Ковид-19, првите 4 милиони евра од ЕУ за итни потреби на РСМ…

March 25, 2020 23:02
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

„Двајца пациенти со корона вирус на Клиниката за инфективни болести се ставени на комбинирана терапија со лековите хидроклор и азитромицин, познат како сумамед, што веќе се покажа ефикасен во повеќе земји. Оваа терапија не се дава на сите пациенти, потребно е претходно да се направи кардиолошка анализа (ЕКГ). Значи ако има и најмала промена во ЕКГ-то тогаш оваа терапија е контраиндицирана“, изјави министерот за здравство Венко Филипче, повикувајќи ги граѓаните да не купуваат на своја рака и да се обидуваат да ги најдат лековите, затоа што таа терапија може да се даде само според точна индикација од лекар специјалист.

*

Подофицер и војник во Армијата на Република Северна Македонија се позитивни на коронавирусот Ковид-19, соопшти денеска Генералштабот на Армијата. Двајцата припадници кај кои е откриен позитивен наод, веќе претходните неколку денови биле превентивно во самоизолација откако членови на нивните семејства се посомневале во симптомите на можно постоење на Ковид 19. Двајцата припадници не биле во странство.

*

Со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на корона вирисот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд. Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот до 05 часот. Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани.

*

Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за организирање на авионски превоз за државјаните на Република Северна Македонија во странство кои сакаат да се вратат во земјата од Љубљана. Крајниот рок за организирање на летовите треба да биде до 27.03.2020 година (петок) до 12:00 часот.

*

Еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, денеска со писмо го информираше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски дека тој веќе издал инструкции првите четири милиони евра од инструментите за ЕУ интеграција да бидат пренасочени за итни потреби на Северна Македонија.

*

Инцидент со полициски службеници во Штип каде, според неофицијаните извори, полицијата отишла на местото на настанот по пријава од граѓанин. Полицаецот бил исплукан во лице и нападнат, со закана дека е болен од корона вирусот, по што полициските службеници морале да употребат сила… 

*

Управата за извршување на санкциите согласно владините препораки од 10 март годинава донесе забрана за контакти на осудените и притворените лица со надворешниот свет и презема мерки за одржување на високо ниво на хигиена, дезинфекција и сите достапни мерки за заштита

„Ја демантираме информацијата за појава на заболени осудени и притворени лица од новиот корона вирус – COVID 19 кои се наоѓаат на издржување казна затвор и мерка притвор во казнено-поправните установи во нашата држава“, се вели во соопштението од Управата за извршување на санкциите во врска со изјавата дадена од адвокатот Насер Рауфи на порталот „Журнал.мк“, а потоа истата преземена и од порталот „Курир”.

*

За среќа, и ова време има свои херои. Освен оние што се на првата линија – здравството, полицијата, војската, новинарите, луѓето во маркетите, аптеките… секојдневно ќе видите пример – некој се откажал од нешто свое, не мислел само за себе и направил нешто добро за сите.

– пишува Петрит Сарачини во својата вечерашна колумна Солидарност, инаку отидовме јабана во рубриката Midnight Express.

Б. Јордановска

25 март, вонредна состојба, ден 7: Владата објави јавни повици за чартер летови за враќање во земјата на македонски граѓани кои престојуваат во странство, вкупно 177 заболени од КОВИД-19, епидемијата ја зема третата жртва…

https://www.facebook.com/civil.mk/posts/2783349548450163

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ