• Latest

Слободата на говорот треба да се ограничи кога во него има омраза

March 27, 2020

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Слободата на говорот треба да се ограничи кога во него има омраза

Ако кај новинарите е развиена морална култура, тие ќе бидат чувствителни и внимателни и ќе откриваат лажни вести и говор на омраза

March 27, 2020 09:39
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува АЛЕКСАНДАР Н. ПИСАРЕВ

Без оглед на кризна состојба, вонредна ситуација, изолација и самоизолација на стотици граѓанки и граѓани, некои јавни личности, лидери на политички партии и новинари продолжуваат со уште поголем интензитет да шират говор на омраза и лажни вести преку медиуми.
Како треба да се однесуваат новинари и медиуми, кога политичари, јавни личности или лидери на политички партии употребуваат говор на омраза или шират лажни вести. Имаат ли право новинари во таква ситуација да им ја ограничат слободата на говорот. Може ли и има ли право новинарот да се огради и да се амнестира од одговорност ако се оправда со тоа дека тој само го цитирал политичарот, ги пренел неговите зборови и дека тој – како новинар или медиум не шири говор на омраза.

Најчесто политичарите, лидерите на политички партии и јавни личности се тие кои се споменуваат дека произведуваат говор на омраза, при што новинарите се само во улога на трансмитер на таквиот говор, дистрибутер или мегафон преку кој политичарите на овој начин ги соопштуваат своите пораки.
Како новинарот треба да го пренесе директното обраќање на политичкиот субјект, политичар, лидер на политичка партија или јавна личност, член на владата… ако тој користи говор на омраза, напаѓачки квалификации, навреди, или повикува на мобилизација и предизвикува негативна стереотипизација? Во овој текст само ќе ги пренесам некои акценти од една моја подолга новинарска лекција на оваа тема објавена во Зборникот „Професионално и одговорно новинарство“ во издание на Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“.

Во нашата практика новинарите најчесто експлицитно го пренесуваат говорот на омраза на лидерите на политички парти или политичари. Притоа, тие навистина не можат да трпат никакви правни консеквенци, но имаат етичка одговорност.

Ваквите настапи на политичари, лидери на политички партии, јавни личности и новинари – уредници… учесници на разни трибини или контактни емисии се „санкционираат“ на два начина. Новинарот во таква ситуација има право на политичарот да му го „ускрати правото на слободата на говорот“, така што тој дел од неговото излагање, во рамките на саморегулација, нема да го објави. Втората можност е тој дел од говорот или дискусија, која има елементи на говор на омраза, да ги стави во некаков контекст. Притоа, тој ќе укаже дека во неговото излагање има недозволено користење на говор на омраза и ќе се повика на кривичниот закон, кој во европските земји во одредени случаи на говор на омраза предвидува и казна затвор во трање од три години.

Во Америка оваа практика се применува од осумдесеттите години со општ акт, speech codes,  со кој се забранува употреба на говор на омраза од јавна говорница и неговото  евентуално пренесување преку медиумите. Меѓународниот пакт за граѓанските и политички права и слободи од 1966 година чии дел е пренесен во Кодексот на новинарите на Меѓународна федерација на новинарите (IFJ), во член 19 регулира ограничување на правото на слобода на говорот. …„кое било поттикнување на насилство, заговарање национална, верска или расна омраза со која се поттикнува  дискриминација, непријателство или насилство, навреда на животно определување… како и пренос на такви пораки во медиуми, се забранети“.

Говорот на омраза во најголем број случаи е насочен кон политичкиот противник, кон друга етничка заедница или ЛГБТ-популацијата. Граѓаните и граѓанките во таквите ситуација се претворени во „заробениот аудиториум“, кој мора да ги слуша нивните навреди без право на избор. Односно, има само еден избор: да слуша/гледа/ чита или да не слуша/не гледа/не чита. Новинарот треба или да го избегне тој дел од говорот или да го контекстуализира. Но, во никој случај не треба експлицитно да го пренесе.

Повеќето млади новинари сметаат дека ако директно го цитираат и го стават под наводници говорот на политичарот, лидер на политичка партија или јавна личност во кој има елементи на говор на омраза, тие се амнестирале од одговорноста за неговите зборови. Грешат, бидејќи ако него проблематизираат  говорот на омраза што го користи политичарот, ако него стават во умерена рамка и во соодветен контекст кој нема да го вознемири читателот/гледачот, со еден збор граѓанинот тие стануваат обични дистрибутери и гласноговорници на политичкиот субјект со што ја губат општествената улога што им  е доверена.

Ако кај новинарите е развиена морална култура, тие ќе бидат чувствителни и внимателни и ќе откриваат навреме секој таков обид. Спротивно, ако кај новинарите не постои отпор кон таквото однесување на политичарите, лидерите на политички партии и јавни личности, се зголемуваат манипулациите со граѓаните кои остават катастрофални последици во јавниот живот и претставуваат огромна опасност за демократијата. Се вклопуваат во шемата на ширење на предрасудите, стереотипите, дискриминација, лажните вести, мобилизација… стануваат учесници во говорот на омразата и некритичкото ширење пораки.

Во кризните ситуации овие облици попримаат патолошки димензии. Најопасно е преку медиумите да се шират омразата и предрасудите, бидејќи тоа најчесто завршува со насилство. Медиумите што шират и пренесуваат говорот на омраза, што мобилизираат со ширење на лажни вести се соучесници во можните злосторства што произлегуваат од вакви вести и ширење на омраза.

Лидерите на политички партии и политичарите говорот на омраза најчесто го употребуваат во предизборни кампањи за да го дисквалификуваат политичкиот противник, да го омаловажат и да ги одвратат избирачите од гласањето за него. Таквите прилози, во кои новинарот експлицитно го пренесува говорот на омраза на политичарите, можат да предизвикаат атмосфера на сериозни тензии во политичките и меѓуетничките односи и во себе да носат прикриен или отворен повик за насилна мобилизација, дискриминација, насилство и нетолерантност.

Со ваков начин на известување медиумите имаат негативна улога кон дезинтеграција на општеството, било преку невнимателно, или преку намерно известување кое поттикнува стереотипи, предрасуди, поделби и нетолеранција.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ