• Latest

Стартува ослободувањето на аконтации за данок на добивка и данокот на личен доход од вршење самостојна дејност

March 27, 2020

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Суровата реалност на протестите во Србија: Полициска бруталност, закани, селективни апсења

August 21, 2025
Војо Маневски

Треба ли кандидатите за локална власт да поминат задолжителна обука?

August 21, 2025
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Дипломатија или капитулација – Како граѓаните ги гледаат напорите за мир во Украина

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Стартува ослободувањето на аконтации за данок на добивка и данокот на личен доход од вршење самостојна дејност

March 27, 2020 12:28
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Даночните обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејност и обврзниците на данокот на добивка можат да бидат ослободени од плаќање аконтации, со цел задржување на поголема ликвидност и премостување на првите ефекти од коронакризата. Оние кои ќе поднесат барање до Управата за јавни приходи имаат право да бидат ослободени од плаќање на месечни аконтации за март, април и мај 2020.

Користење на оваа мерка, како што соопшти Министерството за финансии, можат да побараат даночните обврзници согласно Националната класификација на дејности од угостителската дејност (шифра 56 – дејности за подготовкa и служење на храна), туризам (шифра 79 -туристички агенции, организатори на патувања и останати резервациски услуги, како и дејности поврзани со нив и шифра 55 – објекти за сместување) и транспорт (шифра 49 – копнен транспорт. Шифра 50 – воден транспорт и шифра 51 – воздухопловен транспорт).

Од МФ додаваат дека оваа мерка можат да ја користат и други даночни обврзници, кои имаат претрпено штети во работење поради здравствените мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, доколку вкупните проходи им се намалени за најмалку 40 отсто во тековниот месец во однос на февруари 2020 или намалувањето на вкупните приходи од 2020 година е повисоко од 40 отсто во однос на истиот период лани, бројот на вработени кои не работат, односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник – работодавач изнесува најмалку 25 отсто од вкупниот број вработени во февруари и даночниот обврзник затворил најмалку 50 отсто од продажните места преку кои го остварува профитот.

Даночните обврзници – правни лица за да ја користат оваа мерка треба да не го намалат бројот на вработени од денот на влегување на сила на уредбата на 26 март 2020, до три месеци по престанување на нејзината важност – освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените, да не исплатува дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, до денот на траењето на ослободувањето.

Даночните обврзници – физички лица кои остваруваат доход од вршење самостојна дејност за да ја користат оваа мерка треба да не го намалат бројот на вработени од денот на влегување на сила на уредбата на 26 март 2020 до три месеци по престанување на нејзината важност – освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.

Доставувањето на барањата, како што наведуваат од Министерството за финансии, ќе се одвива преку системот е-пдд за обврзниците на данокот на личен доход, односно е-даноци за обврзниците на данокот на добивка, а приемот на барањата преку системите го потврдува Управата за јавни приходи во рок од 15 дена од доставување на барањето.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ