• Latest
Добро утро со Орданоски

Баталете политикантство, дајте поддршка!

April 6, 2020

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Баталете политикантство, дајте поддршка!

April 6, 2020 07:41
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Ако политичката нервоза, што почнува да ја манифестира опозицијата, расте побрзо од ескалацијата на последиците од заразата во Македонија во април, ќе треба да се соочиме со нешто што може да прерасне во хистерија, а тоа не е добро за целото општество.

Сметам дека не е ни важно зошто Мицкоски нагло го зголемува притисокот. Можеби од страв, можеби од збунетост, можеби затоа што е лошо информиран, а можеби и затоа што мисли дека сега му е време за политички поентирања… Но, која и да е причината, таа не може да биде поважна од развојот на општата здравствена ситуација. Особено ако тоа се прави со изнесување погрешни или сосема лажни податоци. Кога тоа ќе се случи – како што му се случи на лидерот на опозицијата за викендот – добро е да следува брзо извинување и да се објасни дека тоа не се прави (се надеваме) со некаква задна намера, а не да се удвои пропагандата за дезавуирање на актуелната антивирусна политика.

Тоа не значи дека не треба да се поставуваат и тешки прашања до власта. Но, кај опозицијата не се чувствува конструктивност во тој евентуален напор. Не можат да ја скријат омразата кон политичките противници, а кога е Филипче во прашање, „пердето“ толку им паѓа врз очи, што ни апчиња за смирување не помагаат. Човек добива впечаток дека ако се случи и министерот за здравство да се зарази од коронава, тие би свикале вонреден партиски конгрес за со зурли и тапани да ја прослават таа „победа“!

Самиот Филипче, пак, предупредува дека влегуваме во „нова фаза“ од заразата. Преведено, тоа значи дека бројките во наредните недели ќе бидат лоши и ќе одат „нагоре“, веројатно по сите жални основи. Речиси е сигурно дека ќе следува заострување на мерките за изолација, по примерот на Дебар и Куманово, и во други општини низ Македонија.

Истовремено, процентот на до сега заразени здравствени работници во светот е приближен на она што се случува и кај нас (околу 10 отсто од заразените, иако во земјите со најголем број случаи тие лоши статистики се повисоки) и тоа е резултат на ризикот на медицинската професија којашто е на првата линија на одбраната од вирусот. Според сите достапни споредбени информации, Македонија е релативно добро опремена и пристојно се носи во спротивставувањето со заразата. Но, да не заборавиме дека притисокот врз здравствените системи не го издржуваат ни најдобрите во светот. Всушност, секојдневно се соочуваме со нивниот драматичен распад.

Истото се однесува и за здравствените политики по разни земји. На пример, деновиве многу спомнуваната Словенија, којашто е рекордер по вирусно тестирање и по висок здравствен стандард во регионов, има 30-40 отсто повеќе смртни случаи од нас (ако сакате споредбени статистики, а не апсолутни бројки). Истовремено, во Унгарија се прават помалку вирусни тестови од Македонија.

Што значи тоа? Ништо. Бидејќи така беше вчера, а којзнае како ќе биде веќе утре. Сигурно е дека и Словенците и Унгарците го прават она што најдобро го умеат, како и ние. Но, ги земам Словенија и Унгарија како корона-пример за споредба, бидејќи таму се на власт пријателите на Мицкоски, додека овде технички владеат, главно, неговите „непријатели“. Па, можеби е попаметно за Мицкоски да сврти телефон до Јанша и до Орбан и да им пренесе некој совет од Филипче, наместо овде да дига тензии и да произведува смутови со политички заднини.

Време е за политичка конструктивност и поддршка. Оти ќе биде и полошо, пред да стане подобро. На таа, заедничка, рана сега сол не се дотура.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Print Friendly, PDF & Email
Share44Tweet28Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ