• Latest

Продолжува агонијата на Република Македонија

February 16, 2016

(ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

April 27, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лажги

April 26, 2026
Чорнобил, некогаш и сега

40 години по Чорнобил: Војната повторно ја носи заканата од нуклеарна катастрофа

April 26, 2026

До пазарот и назад

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026
Чорнобил, 1986

За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

April 24, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

April 24, 2026
фото: СДСМ

Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

April 24, 2026

Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

April 24, 2026
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

Фашизмот и ние

April 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    (ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    (ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    До пазарот и назад

    Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home Uncategorized

Продолжува агонијата на Република Македонија

February 16, 2016 16:49
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Цврсто сме убедени дека дадениот рок за подготвување на предвремени парламентарни избори во април 2016 е премногу краток. Наша силна препорака е да се продолжи овој период до 18 месеци или повеќе, со цел да се создадат потребните услови за слободни избори. Поточно, препорачуваме овој период да се смета од денот на формирање на преодната влада.

Пишува: Џабир Дерала
Пишува: Џабир Дерала

Тоа беше една од препораките на ЦИВИЛ –  Центар за слобода, објавени на 9 јуни 2015 година, со кои баравме итни мерки за надминување на политичката криза и враќање на демократијата во Република Македонија.

Уште на самиот почеток на преговорите, кога лидерот на владејачката партија одеднаш покажа волја да разговара, ЦИВИЛ  објави дека не треба да се преговара со протагонистите од „бомбите“. Бевме убедени дека такви преговори ќе бидат залудни и дека делумно ќе им го вратат легитимитетот кој власта целосно го изгуби по толку извештаи за ужасната состојба на Република Македонија, а уште повеќе го загубија по објавувањето на прислушуваните разговори. Впрочем, тие разговори беа само горчлива потврда на сите наши претходни наоди за тешките изборни манипулации, злоупотребите и бескрупулозното владеење на поранешниот премиер Никола Груевски и неговите политички приврзоци и послушници од сите етнички заедници.

Како и да е, по потпишувањето на договорот од Пржино за надминување на кризата, ние ја поздравивме одлуката да се формира СЈО, но и потсетивме на нашата силна препорака да се формира и Специјален суд.

Истиот резон се употреби кога баравме измени во изборниот систем и реформи во Државната изборна комисија.

ЦИВИЛ одамна бара Македонија да се прогласи за една изборна единица, а сега беше можност тоа и да се оствари, со повеќе труд и притисок врз осрамотените и потполно дискредитирани преговарачи-протагонисти од „бомбите“. Баравме потполно департизирање и професионализирање на Државната изборна комисија. Баравме чист Избирачки список и имавме решенија за тоа како да се дојде до него.

Доколку Груевски не го прекрши договорот од Пржино во првиот час по неговото потпишување, можеби ќе имаше повеќе, иако не доволно, време за организирање минимум слободни избори.

Понатаму, баравме целосно професионализирање и департизација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и професионализирање и ослободување од партиските стеги на јавниот сервис МРТВ.

Освен делумна, иако многу значајна, реформа на Државната изборна комисија и неколку брзи решенија за чистење на Избирачкиот список за кои сигурно нема време да се реализираат во дадената рамка за избори на 24 април, напредок во создавање услови за слободни избори во Македонија – не гледаме.

Поткупот, заканите, уцените и други видови притисоци се очигледни и сеприсутни со години, без оглед на тоа дали се наоѓаме во предизборен период или не. Тоа се потврдува и од набљудувањето на состојбите во доменот на човековите права и слободи, исто колку и во фокусираното изборно набљудување на ЦИВИЛ во 2013 и 2014 година.

Осум месеци подоцна, Македонија сѐ уште е растргната од политичката криза, дополнета со агресивни и валкани политички кампањи, силен притисок врз гласачкото тело, политичка корупција, системско насилство, медиумска манипулација и злоупотреба на јавните ресурси и администрацијата. Ситуацијата во Македонија не се подобрува, а партиите на власт остануваат глуви за сите барања и препораки на ЦИВИЛ и низа релевантни организации на граѓанското општество и експертската јавност. Партиите на власт и понатаму ги кршат човековите права и ги задушуваат слободата на изразувањето и медиумските слободи.

Наспроти Договорот за надминување на политичката криза (Пржино, 2 јуни/15 јули), тој не само што не се спроведува, туку злоупотребите и недемократското владеење само се продлабочија по потпишувањето на договорот.

Водени од искуството од долгорочното набљудување на изборите, на социо-политичките процеси и на состојбата на човековите права и слободи во Македонија, ЦИВИЛ и пред десет месеци бараше оставка на целата Влада, како единствен логичен завршеток на политичката криза, одговорност за злоупотребите и криминалот за кои има индикации во прислушуваните разговори кои ги објави опозицијата, а дури потоа, да се воспостави привремена експертска влада која ќе спроведе брзи, но суштински реформи.

Тој процес подразбира: ревизија на Изборниот законик, промена на изборниот систем со кој Македонија ќе биде една изборна единица, воведување отворени листи, прочистување и подобрување на начинот на кој се формира и ажурира Избирачкиот список, целосна реформа, професионализација и департизација на Државната изборна комисија, реформи, департизација и професионализација на Управниот суд, како втора и конечна инстанца во жалбената постапка во рамки на изборните процеси.

Понатаму, ЦИВИЛ бараше и бара одвојување на партијата од државата, реформи во медиумите и медиумската регулација, со цел да се елиминира партискиот диктат врз медиумите, формирање комисија или институција за истрага врз основа на прислушуваните разговори, формирање Специјален суд, а на крајот од тој процес, да се спроведат слободни избори.

Но, тоа што се усвои со договорите е далеку помалку од овие, според нас, основни услови за враќање на правната држава и демократијата и почитување на човековите права и слободи во земјава.

Преговорите не даваат резултати, а на власт останува најголем дел од структурата врз која никој не може ни да помисли да спроведе каква и да е форма на демократска, граѓанска контрола. Тоа е структурата која е директно одговорна за долгогодишната политичка криза и за ерозијата на демократијата, владеењето на правото и човековите права.

Накратко, со ваква имплементација на политичкиот договор, агонијата на Република Македонија само се продолжи.

Поточно, остана во функција машинеријата со која раководат Никола Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков, кои само формално ги напушти фунцкиите премиер и директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Режимот на Никола Груевски продолжи со добро познатите практики на злоупотреба на администрацијата и јавните ресурси, политичка корупција и медиумски манупулации.

ЦИВИЛ бара крај на политичкиот прогон уште од 2010 година, ослободување на сите политички затвореници и одржување и на предвремени локални и претседателски избори, истовремено со предвремените парламентарни избори, тогаш кога ќе има минимум услови тие да бидат слободни.

За жал, пропаднаа сите обиди на претставниците на граѓанското општество, меѓу кои и оние од ЦИВИЛ, процесот за надминување на политичката криза да биде транспарентен и да вклучи повеќе засегнати страни, а не само лидерите на четирите најголеми политички партии.

Да потсетиме, политичката криза трае од предвремените парламентарни избори во 2008 година, а кулминираше со „црниот понеделник“ на 24 декември 2012 година, со присилното исфрлување на опозиционите пратеници и на новинарите од парламентот со цел, по секоја цена, да се донесе енормно високиот буџет во сѐ посиромашната Македонија.

Ако се погледне искуството на ЦИВИЛ само во изминатите три години, а да не говориме за бројни други организации и институции на национално и меѓународно ниво, ќе се забележи дека алармот е вклучен одамна. ЦИВИЛ разоткри голем дел од изборните измами во извештаите „Бескрупулозна борба за власт“ во 2013 година и „Дисквалификувана демократија“ во 2014 година, по што следеа бројни анализи и препораки за состојбите на човековите права и социополитичките процеси. Во таа смисла, може да се издвои анализата и прегледот на предизвици и препораки објавени на 17 септември „Случај Македонија: да се потсетиме“, како и неодамнешните извештаи кои се однесуваат на жестоките политички притисоци врз вработените во јавната администрација и јавните претпријатија, како и засилувањето на партиско-политичките притисоци врз наставниот кадар.

Изборните процеси во изминатите пет години се јасна илустрација за масовно кршење на избирачкото право на граѓанките и граѓаните, тешка злоупотреба на севкупните јавни и државни ресурси на земјата во партиски цели и очигледна манипулација со Избирачкиот список со размери кои можат пресудно да влијаат врз исходот од изборите.

Нам не ни преостанува ништо друго освен да констатираме, јасно и недвосмислено, дека локалните избори во 2013 година, претседателските и предвремените парламентарни избори во 2014 година се нелегитимни и незаконити.

Преговорите на четворицата лидери на најголемите парламентарни партии, навистина доведоа до потпишување на политичкиот договор, но опструкциите од власта за негова имплементација, и понатаму ја загрозуваат и самата идејата за одржување на слободни избори на 24 април.

Едноставно, договорот за надминување на политичката криза се трансформира во награда за премиерот Груевски, средство за продолжување на неговиот политички живот и одржување на недемократските политики и практики во земјата.

Власта продолжува со притисоци, уцени и закани врз опозицијата и врз неопределените граѓани, Груевски ја форсира својата кампања преку медиумите, се задолжува и се однесува недоговорно кон парите на граѓаните со кои, всушност, ја купува токму нивната лојалност. Воедно, во скапа и валкана кампања, ги сатанизира опозицијата, граѓанското општество, а неретко и меѓународната заедница.

Една од главните поенти на агресивниот популизам на Груевски е да прикаже дека ужива широка народна поддршка, дека неговото владеење е повеќе од тоа, дека тој е спасител. Тоа не му е тешко да го постигне со оглед на неограничените ресурси кои ги присвои. На тој начин, освен што спроведува криминални политики, тој ги криминализира и односите во општеството, а самите граѓанки и граѓани ги прави соучесници во неговата долгогодишна трансгресија, ги трансформира во „народ“ кој „удира клоци“ на „мрачните сили“, „предавници“, „ванхојтовци и катици“.

Затоа, единствената препорака која во овој момент може да се испорача до меѓународната заедница, до Вашингтон и Брисел, е да дадат зелено светло за вистински услови за слободни избори и да не се придржуваат до формата, туку до содржината.

Излагањето на претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала, беше подготвено за јавниот настан „Граѓанска дебата за слободно општество и социјална правда“, што денес коалицијата „Граѓаните за Македонија“ го организираше во скопскиот хотел „Холидеј Ин“.

Дерала требаше да говори на првиот панел на дебатата, насловен – „Помеѓу идејата за слобода и заробената држава“, но поради неговото оправдано отсуство, текстот во скратена верзија, на панелот го прочита Биљана Еверет од ЦИВИЛ Медиа.

Tags: избориМакедонијапрепоракиЦивилЏабир Дерала
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Лажги

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ