• Latest

Орданоски: Мерките за спречување на Ковид-19 не го намалија загадувањето на локално ниво

April 7, 2020

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Орданоски: Мерките за спречување на Ковид-19 не го намалија загадувањето на локално ниво

April 7, 2020 16:58
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИЗЈАВИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Загадувањето  како глобален проблем на кој интензивно се работи, но многу малку се постигнува во светски рамки, а особено кај нас, во последно време се поврзува со уште една непредвидлива, но животно загрозувачки состојба за луѓето, а тоа е корона вирусот.

Со почеток на пандемијата и мерките за нејзино сузбивање во сите држави во светот што имаат случаи на Ковид-19, се појавија и првите вести како нивната рестриктивност влијае на природата. Посебно внимание се обрна на загадувањето.

Со Петар Орданоски од Инфопроект, чиј проект „Еко монитор“ претставува хиперлокален систем за мониторинг на загадувањето во урбаните средини зборуваме колку моменталната состојба со корона вирусот и мерките за заштита од Ковид-19 придонесуваат за намалување на загадувањето во нашата земја.

„Хиперлокален значи дека со голема точност на ниво на улица може да се утврди колкаво е и кои се причинители на загадувањето. „Еко монитор“ работи како пилот проект сега за сега само во Прилеп и работи перфектно во границите на очекуваното. Делумно е имплементиран и во Куманово, но за жал поради ситуацијата со корона вирусот тој процес е стопиран. Имплементацијата е незавршена бидејќи институциите работат со скратено време, гледаме дека веќе има секакви рестрикции и најстрого е забрането да се излегува… Се надеваме дека кога ќе помине пандемијата ќе имаме конкретна слика за загадувањето и други метеоролошки состојби и во Куманово“, изјави Орданоски.

Ваквиот начин на мониторање има многу предности, а самите мерни станици имаат опција за надоградба како што се ветромери, мерачи за гама радијација, киселост, влажност на почвата… на овој начин може да се предвиди врз база на постоечки параметри каде во иднина би се појавило загадување со цел превентивно да може да се интервенира.

„Генерално на глобално ниво, со пандемијата, загадувањето е намалено. Смален е интензитетот на работа на фабрики, тешка индустрија… Но на помали локации, локално, конкретно на ниво на населба, загадувањето или износот на ПМ честички не е намалено. Луѓето се сега дома, а периодот беше ладен. Сѐ уште се греат на дрва, но и користат други вид на недозволени грејни тела, почнувајќи од гуми па да не зборуваме за понатаму. Со зголемување на температурите и намалувањето на потребата од греење, ќе се намали драстично и загадувањето во овој период. На ова ќе помогне и затворањето на фабриките и тешката индустрија“, изјави Орданоски.

За намалување на загадувањето влијае и фреквентноста на сообраќајот. Иако во нашата земја и покрај ограничувања тој пад на загаденоста што доаѓа од издувните гасови од автомобилите, во европските градови со поголем број на заболени од Ковид-19 и поригорозни мерки што го ограничуваат движењето на населениот забележано е намалување на загаденоста дури и до 50%.

Сепак, како што изјави и Орданоски, допрва ќе се проценува колку пандемијата влијае на намалување на загадувањето и колку по завршување на пандемијата и реактивирање на фабриките, тешката индустрија и интезивирање на сообраќајот нагло ќе се зголеми.

Биљана Јордановска

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ