• Latest

(23:00) Вонредна состојба, ден 22: Владата и Европска Комисија со договор за набавка на лекови и медицинска опрема, Дебар 6-ти ден без новозаразени, апликацијата „StopKorona!” е подготвена…

April 9, 2020

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(23:00) Вонредна состојба, ден 22: Владата и Европска Комисија со договор за набавка на лекови и медицинска опрема, Дебар 6-ти ден без новозаразени, апликацијата „StopKorona!” е подготвена…

April 9, 2020 23:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЗАЕДНИЧКИ ДОГОВОР ЗА НАБАВКИ  -Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од пристапување кон и потпишување на Заедничкиот договор за набавка на лекови и медицинска опрема помеѓу Република Северна Македонија и Европската Комисија, и го задолжи и овласти Министерот за здравство да го потпише и соодветно имплементира Заедничкиот договор за набавка на лекови и медицинска опрема со Европската Комисија.

ПРИВАТЕН СЕКТОР – Владата денеска донесе Измена на уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено економската криза заради исплата на плати за април и мај 2020 година, и со овие измени се трга условот управители и сопственици на бизнисите вработени во истите да не може да ја користат мерката (а во насока на заштита на микро и малите фирми), и се дополнува со условот дека бројот на вработени треба да се задржи 2 месеци по користење на мерката односно до јули 2020 година.

КАРАНТИН – Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека лицата кои се во државен карантин и кои за време на викендот треба да го напуштат, на полициските службеници ќе треба да им достават име и презиме на лицето кое ќе треба да ги земе, како и податоци за неговото возило.

АПЛИКАЦИЈА  – Апликацијата „StopKorona!” е подготвена и нема допир со личните податоци. Секој што ќе ја симне апликацијата ќе му биде генериран сосема нов апликациски број (код) кој нема никаква врска со нас и нашиот датум на раѓање, мобилен телефон, матичен број.

ДОБРА ВЕСТ – Според податоците на Министерството за здравство, во Дебар денеска е шести ден како нема новодијагностицирани со Ковид-19.

ПРИПРЕМИ – „Во периодот што следи, следната недела започнуваме интензивна комуникација со претставници на стопанските комори, на кои од наша страна ќе им се даде јасна насока на економските оператори, производствените капацитети, рестораните како треба нивниот работен процес да го организираат за тогаш кога ќе се одлучи дека е дојден моментот да се отстранат сите овие рестриктивни ригорозни мерки и целокупниот тој процес постепено да се врати во нормала, изјави министерот за здравство“, д-р Филипче.

АКРЕДИТАЦИИ – На предлог на Министерството за економија министрите на денешната 39-та владина седница ја разгледаа и донесоа Уредбата за примена на Законот за акредитација за време на вонредна состојба, која предвидува одложување на роковите за доставување на извештајот за реализираната програма за работа на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија за 2019 година, како и извештајот за работата на Советот за 2019 година и извештајот на Одборот за надзор на материјално-финансиска контрола за 2019 година, за време на траење на вонредната состојба.

МВР – „Министерството за внатрешни работи со сите свои припадници е апсолутно подготвено да одговори на сите задачи за време на полицискиот час кој ни претстои викендов, изјави дополнителната министерка во министерството за внатрешни работи“, Славјанка Петровска.

„Засега сме во комуникација со Јавното обвинителство, за кривична пријава ќе одлучиме заедно, но потенцирам дека повикување или изразување на револт на мерките кои Владата ги дава во интерес на граѓаните е несоодветно, особено што ова не е битка само на Владата или на општеството, ова е битка на целиот свет. Мислам дека секое непочитување на мерките е непочитување на самите нас, и на сите околу нас. Се надевам дека поглаварот, како поглавар на една верска заедница ќе го преиспита својот став“, рече Петровска.

*

СЛОБОДНА ЗОНА

„Една манифестација се неодговорните лудаци, кои се „изнад ситуација“, не носат маски и ракавици, не држат дистанца, си идат по гости, не веруваат дека вирусот постои, или мислат дека е приказна за да се профура 5Г технологија, чипирање на луѓе, масовен транспорт на мигранти итн…“ – Миднајт експрес : „Како да го совладаме вирусот на лудилото со сите негови манифестации?“, Петрит Сарачини.

*

„Реџепи се закани со повик до верниците за непослушност, односно непридржување кон мерките против ширење на Ковид-19, доколку Владата не и помогне финансиски на Исламската Заедница, со што постави ултиматум. Дека ќе направел „Бангладеш“ со короната ако ги повика верниците.  Ултиматумот, не е штетен по Владата,  штетен е по верниците коишто планира да ги повика да се вратат во џамиите, по нивните семејства, и по уште многу други семејства. Во други земји, оваа закана би се сметала за терористичка.“ – Ефенди Ролекс Бангладеш!, Дијана Тахири.

Дијана Тахири во соработка со Биљана Јордановска


Вонредна состојба, ден 22: ЕУ и САД ни донираа 5 милиони евра за справување со КОВИД-19, нови 46 заболени, земјоделците може да работат за време на полициски час…

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ