• Latest
Протест на ЦИВИЛ пред Собранието на РСМ: „Слободни избори – ДА, изборна кражба – НЕ“, април 2016 година / фото: ЦИВИЛ Тим

Протест – прочистувачки елемент на општеството

April 12, 2020
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Протест – прочистувачки елемент на општеството

April 12, 2020 16:33
in ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА
Протест на ЦИВИЛ пред Собранието на РСМ: „Слободни избори – ДА, изборна кражба – НЕ“, април 2016 година / фото: ЦИВИЛ Тим

Протест на ЦИВИЛ пред Собранието на РСМ: „Слободни избори – ДА, изборна кражба – НЕ“, април 2016 година / фото: ЦИВИЛ Тим

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ДИЈАНА ТАХИРИ

Протестот, односно правото на протест како јавен колективен или индивидуален истап против неправилно делување, е едно од основните човекови права и слободи, коишто ние како општество го применувавме масовно во изминатите години, во борбата против еден криминален режим. Протестот е најживата и моќна форма на искажување револт и незадоволство кон одредена неправилна појава, и како таква, често е најинструментализирана и манипулирана форма на дејствија на темни структури во секоја земја во светот, како и кај нас. Во општествено политичките превирања во нашата земја, години наназад се прибегнува кон протест, односно, јавниот истап се користи како укажување кон многу аномалии, криминал и корупција во највисоките државни институции.

Како еден од најесенцијалните протести во нашата земја беа студентските масовни протести во 2014 година, односно студентска иницијатива за одбрана на правата на студентите која се залага за поквалитетно образование, а се бори против неправедноста и партиските влијанија, наречена Студентски пленум. Иницијативата се појави кон крајот на 2014 година по најавата за воведување на екстерно оценување, а подоцна преименувано во државен испит, од страна на Владата, како и низа други измени во Законот за високо образование, кој според движењето силно го крши членот 46 од Уставот на Македонија, во кој се гарантира автономија на универзитетите.

За кратко време ова движење го привлече вниманието на македонската јавност, откако беа организирани три големи протести каде што учествуваа и над 10.000 студенти. Ова студентско движење за прв пат во историјата на Македонија, во знак на протест, ги окупираше факултетите во Скопје, каде што студентите се вселија и со денови преноќуваа таму.

Кон крајот на 2014 година илјадници граѓани се собраа на протест против давачките на хонорарците, поддржан од студенти, хонорарци, вработени и пензионери.

На овие протести им претходеше протестот против полициска бруталност по повод убиството на Мартин Нешковски.

Протести пред Министерството за здравство за малата Тамара.

Протести пред Уставниот суд, протести против донесувањето на законот за амнестија од тогашниот претседател Иванов…

Сите овие протести се споија во едно големо општонародно движење, коешто се нарече Шарена револуција. Шарена заради мултиетничноста, и заради фрлањето боја врз ѕидовите на институциите пред кои се протестираше, револуција заради масовното општонародно освестување.

На 17 мај, 2015 година, кога на општонародниот повик од г. Заев за  масовно  присуство на улиците на Скопје, односно пред „ружна ви е владата“ ( како што извикувавме додека протестиравме пред влада) , се приклучи навистина импресивна маса граѓани.

Не толку импресивна во однос на бројката, колку што беше огромна позитивна општествена енергетска инекција врз улиците на градот, во однос на шаренилото од мултиетничноста. За мене, тоа што се случи тој ден, беше вистинската Шарена Револуција. Ако се случи нешто од историска важност во Македонија, во смисла на вистинско мултиетничко спојување и единство во последниве неколку години, тоа беше токму 17 мај. Последиците на сѐ што следеше по тој ден, ги живееме во форма на секојдневна ( за еден дел од граѓаните) горчлива порција на реалноста наречена „конечно демократска и слободна Македонија“, за жал.  За случувањата, одлуките и резултатите од тие одлуки, знаеме по лично доживување на истите, и од мноштвото ставови искажани што во форма на колумна, што во форма на дебата или на монолог.

Дали ќе се повтори некогаш таа енергија, тоа масовно  сплотување на слободоумни и храбри луѓе на едно место, зависи од секој што учествуваше во таа маса, и претходно.

 


Сите права се задржани.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ