• Latest
Добро утро со Орданоски

Колку е голема „цицката“ на државата?

April 23, 2020
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Колку е голема „цицката“ на државата?

April 23, 2020 08:33
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Значи, да бидеме на јасно: додека не се произведе вакцина или додека не се најде ефикасен лек за вирусов, ќе си останеме во некаков вид на општествена вонредна состојба, со повремени „затегања“ на условите за движење и работа, зависно од неделните варијации во бројот на починати и заразени. На научниците уште не им е јасно ни дали еднаш излечените се заштитени од повторна зараза. На пример, читам, американските експерти веќе предвидуваат дека зимово следува нов, уште потежок бран од пандемискава пошаст.

Тоа, барем во догледна иднина, ќе ги промени сите важечки и подразбирливи стандарди и навики за слободата на нашето однесување, за сфаќањето на приватноста, за начинот на кој заработуваме и трошиме пари, што работиме, како и со кого се дружиме, кој ни е односот кон постарите или помладите, што ни прават децата, како излегуваме по кафеани и кафулиња, кога шетаме кучиња, што јадеме, кој ни е распоредот во домовите или во канцелариите, како се транспортираме и каде ќе патуваме, со кого ќе водиме љубов… Дали со социјалната дистанца кај пикадото или пинг-понгот тие ќе станат главните спортови во обложувалниците? И уште илјадници други работи од јавниот и приватниот живот. Меѓу другото, и односот кон нашето здравје, кон незапирливата трка за правење пари, а и односот кон умирачката, како таква.

Да речеме, ако ве прашаат колку смртни случаи месечно во Македонија би ви биле „прифатливи“ за да одржите некаква „нормалност“ во начинот на живеење, за која бројка би се определиле? … Всушност, прашањето е која е таа бројка на починати од вирусот што вам ќе ви го задржи чувството дека тоа им се случува само „на некои други“, а никогаш вам и на вашите блиски?

Лично познавам (паметни) луѓе кои и сега (приглупо) мислат дека сето ова со вирусов е измислена работа, дека напразно се создава паника и психоза, дека зад тоа стојат некои мрачни мотиви на оние кои се на власт или кои сакаат неа да ја освојат, а дека оние што имале лоша среќа или лошо здравје ќе си се разболат, некои и ќе умрат – па што?! … Па тоа.

На пример, како сето ова ќе се одрази на предизборната кампања што наскоро ни следува, бидејќи некаква нова политичка власт ќе мораме да конституираме? Не мислам само на „техничките“ аспекти на предизборието – јасно е дека со партиски митинзи, за догледно време, е завршено – туку и во суштинска, содржинска смисла на политичката понуда. Да тргнеме од неодамна објавените анкети (на пример, оние на „Фајнанстинк“) дека најголемиот дел од населението вели дека ваква соци-економска криза можат да издржат најмногу еден до три месеци… Таман до датумот за изборите.

Јасно е дека степенот на општата патерналистичка државна интервенција во социјалниот и економскиот живот на земјава ќе биде главната тема на наредните избори. Сите ќе ветуваат голема државна популистичка „цицка“ од чија брадавица ќе треба да протече мед и млеко за да се компензираат загубите и неволјите предизвикани од епидемијата. Но, ако и за само три денари покачена акциза на горивата – чија малопродажна цена, патем, е најевтина уште од времето на социјализмот – опозицијата тврди дека е направен „голем удар“ врз стандардот на населението, од кои приливи ќе се полни „вимето“ на државниот буџет? Што правиме, сега, со концептот на „рамен данок“? Со профитите на банките и другите крупни капиталисти? Со нечепнатите плати на државната администрација?

Баш ме интересира врз кои ветувања ќе состават заедничка изборна платформа коалициите во кои има распенавени левичари и убедени десничари. Моделот на „социјалната држава“ се враќа на голема врата, откако пред неколку децении беше протеран од нео-либералниот капитализам како крајно непожелен за „новото време“.

Е, ама сега неочекувано дојде едно друго, уште „поново“ од тоа “ново време“. Да си се подготват нашите политичари за реални одговори на прашањата што нема да можат да се избегнат. На овие избори „патриотските теми“ ќе се пресметуваат со статистички алгоритми и дигитрони: собирање, вадење и делење, помножено со предностите од нашето членство во ЕУ и НАТО.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ