• Latest

Медиумите во Македонија се слуги на политиката и бизнисот, а не на јавниот интерес

February 23, 2016

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Медиумите во Македонија се слуги на политиката и бизнисот, а не на јавниот интерес

February 23, 2016 16:39
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Медиумите во земјава не се артикулатори и заштитници на јавниот интерес, туку се во служба на политичките и економските интереси на сопствениците и на нивните партнери во политиката и бизнисот, сметаат огромен дел на присутните на дебатата одржана денеска во Скопје, на која  Институтот за комуникациски студии (ИКС)  го презентираше документот за јавна политика „Медиумите во Македонија: заштитници на јавноста или заложници на политичките интереси“.

Панелисти на дебатата, освен авторите професорката Весна Шопар и новинарот Петрит Сарачини, беа и истакнатите новинари и уредници Горан Михајловски и Зоран Ќука, а на настанот говореше и британскиот амбасадор Чарлс Гарет, чијашто амбасада го подрржува овој проект.

Документот нуди систематско разбирање и анализа на улогата на медиумите во штитењето на јавниот интерес во Република Македонија. Тој го анализира начинот на кој македонските медиуми, вклучително и јавниот радиодифузен сервис, го третираат јавниот интерес во нивното известување. Документот се осврнува и на случаи од практиката во Македонија каде што медиумите известувале за прашања и теми кои го засегале јавниот интерес и нуди препораки за тоа како подобро медиумите да ја остваруваат својата улога на заштитници на јавноста.

Македонија има голем број медиуми, технологија и кадар кои им овозможуваат да ја остваруваат оваа улога, релативно добра легислатива, развиен дигитален пренос на информации и спроведена дигитализација, вибрантна онлајн медиумска сфера, образовни институции за формално и неформално образование на медиумскиот кадар, механизми за саморегулација и еснафско здружување. Но, во праксата, овие елементи се предмет на нарушување и дисторзирање, а создадените аномалии и дискфункционалност, освен со лоши перформанси, резултираат и со отуѓување на медиумите од јавниот интерес.

Како дел од решенијата за реинституција на јавниот интерес во медиумите, освен негово експлицитно дефинирање во регулативата – што сега отсуствува, медиумските стручњаци препорачуваат целосно и доследно спроведување на сите закони кои допираат до сферата на медиумите, непристрасно и неселективно дејствување на институциите, зајакнување на уредувачката и финансиската независност на јавниот сервис, транспарентност на сопствеништвото и негово одвојување од редакциите, развивање на медиумскиот плурализам, пошироко прифаќање и спреведување на саморегулаторните механизми и зајакнување на вештините на граѓаните за критичко восприемање на медиумските содржини и активно учество во јавниот дискурс.

Tags: МакедонијаМедиумиПетрит СарачинипроектЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ