• Latest
Добро утро со Орданоски

Оние кои се плашат од вирусот, живеат подолго

April 29, 2020

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Оние кои се плашат од вирусот, живеат подолго

April 29, 2020 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Во текстот објавен минатата недела во Њујорк Тајмс, прославениот литерарен нобеловец (2006 г.) Орхан Памук пишува за истражувањата што ги спроведува во последните четири години во подготовката на својата нова, сè уште неиздадена книга („Ноќи на чумата“) чие дејство се одвива во 1901 година во Турција за време на избивањето на третата голема пандемска чума која покосила милиони жители во тогашна Азија. Овде не ми е поентата да расправам за креативното провидение на Памук кој, пред неколку години, се инспирирал да пишува на тема за којашто веројатно не можел ни да претпостави дека ќе биде толку животно актуелна во 2020 година, туку повеќе за неколку негови важни историски опсервации, толку битни за модерните здравствени и општествени премрежија.

Имено, Памук констатира дека, низ историјата, пандемиите секогаш, кога ќе избиеле, се третирале на сличен начин: на почетоците разни властодршци ги негирале или ги минимизирале нивните закани, игнорирајќи ги и криејќи ги, а потоа често и фалсификувајќи ги бројките на заразените и мртвите, сè додека работите не излегувале толку од контрола, што последиците биле катастрофални. За илустрација на ваквиот однос, Памук наведува бројни историски и литерарни сведоштва. „Многу од литературата што се занимава со чумите и заразните болести ја претставуваат негрижата, некомпетентноста и себичноста на оние на власт како клучни поттикнувачи на бесот на масите“, заклучува Памук.

Слично е и со теориите на заговор, гласиштата и производството на лаги кои, забележува Памук, ги следат пандемиите од дамнини. Луѓето бараат некого да обвинат, а водени од стравот за своите животи, подлегнуваат на секакви масовни хистерии и паники, често пати политички мотивирани. „Стравот, како мислата за умирање, нè прави да се чувствуваме осамени, но препознавањето на тоа дека сите минуваме низ слично чувство на болка нè извлекува од осаменоста… Тоа раѓа чувство на солидарност… Со време, станувам сè помалку посрамотен од мојот страв… Се потсетувам на поговорката за пандемиите и чумите, дека оние кои се плашат живеат подолго“, вели Памук, меѓу другото, со својата извонредна литерарна и филозофска проникливост, пред во својот напис да се посвети и на други теми – на пример, чувството на религискиот фатализам, наспроти ефикасноста на мерките на секуларните држави во борбата против ширењето на вирусите – релевантни и за денешната пандемија.

Ете, не мора човек да консултира само научни студии и споредбени здравствени статистики, за да сфати дека и од оваа пандемија како подобри „победници“ ќе излезат оние кои уште од самиот почеток не ја потценија здравствената закана на ковид 19. Постапките на некои држави, меѓу нив и сериозни западни демократии, да се обидат заразата да ја минимизираат, опуштено да ја третираат особено во првите недели од нејзината појава или да ја експериментираат со теориите за брзо стекнување масовен имунитет кај населението и слични неодговорни пристапи, им донесе илјадници мртви, кои веројатно можеа да ги избегнат.

А сега ќе се појават и сите „генерали после битка“ – додуша, и многу „поручници“ додека битката уште трае – кои ќе се прават отпосле паметни за тоа што и како требало да се прави за да се поминело подобро, само да беше било нивните совети да биле послушани. Да не зборувам за оние кои не се откажаа од занаетот на ширење лаги и теории на заговор, за да ги авансираат своите политички или лудачки агенди.

„За да се роди подобар свет после оваа пандемија, мораме да ги прегрнеме и да ги негуваме чувствата за сочувство и солидарност произлезени од сегашниот момент“, заклучува Орхан Памук.

На тоа нема што многу паметно да се додаде.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ