• Latest

Бегалците станаа жртви и на „ловци на глави“!

March 12, 2016
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

Каматите не ги диктира само Франкфурт: Колку е точна приказната дека кредитите мора да поскапат?

September 14, 2026
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

Теророт на рускиот агресор врз Украина: За една недела 2.100 дронови, 1.700 наведувани бомби и 78 ракети

September 13, 2026

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бегалците станаа жртви и на „ловци на глави“!

March 12, 2016 15:21
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Електронското издание на британски „Дејли мејл“, завчера објави соблазнителна сторија за Бугарин, кого весникот го претставува како гангстер, кој предводи  патроли на „ловци на глави“  долж бугарско-турската граница.  Според весникот, бизарната сторија се однесува на некојси Динко Валев (29), преводник на „патроли“ што користеле и оклопни возила за пронаоѓање и апсење на бегалците, кои притоа биле и тероризирани.

s1
: „Ловецот на глави“ Динко Валев на оклопното возило што го користи за „лов на мигранти во градот Јамбол, Бугарија.


Предводникот на групите „ловци на глави“, Валев, набавил две оклопни возила со кои ловците патуваат во регионот околу градот Јамбол во близина на границата со Турција. Валев им се фалел на новинарите дека грозоморните постапки за него биле “еден вид на спорт”, и дека – иако во „потрагите“ се користени воени возила, теренски велосипеди, коњи и ловечки  кучиња за полесно да се фаќаат бегалците – „не може да тврдите дека спортистите се насилни”.

s2
Валев кој позира во пењоар, тврди дека реакцијата на локалното население била навистина позитивна и бара од бугарските власти – надоместок за секој фатен бегалец
s3
Исплашени бегалци – присилени да лежат на земја откако се фатени од „патролата“ на Валев

Со оглед на тоа што заробените бегалци ги предаваат на на полицијата, со образложение дека “сите биле џихадисти”, според британскиот весник, Валев побарал од бугарските власти да му  ја спонзорираат операција и да му платат „главарина“ –  за секој фатен бегалец.

Иако организациите за човекови права, како Хелсиншкиот комитет за човекови права на Бугарија,  го обвиниле за тероризирање на мигрантите и за закани по нивниот живот, Велев за весникот тврдел дека реакцијата кај локалното население била „навистина позитивна“,  па тој се обидува да регрутира уште повеќе луѓе и да ја прошири својата организација.

ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро го осудува ваквото злосторничко однесување и ги повикува властите на Бугарија (во конкретниот случај), но и на Турција, на земјите-членки на ЕУ и на земјите од балканската бегалска рута,  како и целата меѓународната заедница, веднаш да реазгираат и да изнајдат решение за луѓето кои бегајќи од смртта и гладот, стануваат жртви на бескрупулозните профитери – шверцери на луѓе, или, сега, дури и на „ловци на глави“

Исплашени бегалци - присилени да лежат на земја откако се фатени од „патролата“ на Валев

Уште со развивањето на бегалската криза во Македонија во јуни 2015, ЦИВИЛ со „чувство на немоќ и сочувство во нас, придружено со револт и гнасење од војните, но и од бездушноста на овие власти кои не најдоа време и доблест да им помогнат на илјадниците страдалници барем толку, колку што налагаат меѓународните стандарди“, побара и од македонските власти итна реакција и хуман однос кон бегалците и кон економските мигранти.

Девет месеци подоцна, македонската граница е затворена, македонскиот претседател ги обвинува Германија, ЕУ, меѓународната заедница, по ред,  петнаесетина илјади несреќници преживуваат и патат со денови во нечовечки услови во Идомени – Грција, а хуманоста и солидарноста остануваат само дел од фразите во предизборните кампањи…

Tags: бегалциБугаринЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ