• Latest

К. Плевнеш со невидени закани и говор на омразата против проф. Колозова, институциите се на потег

June 7, 2020

Кога ВИ-агентот ја бара заобиколната врата: Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 26, 2026

Нема добар ПР за лоша политика

September 26, 2026
Олександар Левченко

Руската флота во сенка ги заобиколува санкциите преку Ламанш

September 26, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи: МВР соопшти дека ИНТЕРПОЛ не бил вклучен, причината за полициското постапување останува необјавена

September 26, 2026
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

К. Плевнеш со невидени закани и говор на омразата против проф. Колозова, институциите се на потег

June 7, 2020 16:17
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Константин Плевнеш, професор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, за кој ЦИВИЛ Медиа пишуваше пред околу една година, продолжува со говорот на омразата на социјалните мрежи. Своевремено, тој замолкна пред јавната осуда на која наиде пред една година, откако вулгарно и со говор на омраза, тој се нафрли на неколку јавни личности, првенствено насочувајќи ја својата неразумна омраза кон проф. Катерина Колозова.

Всушност, она што изминативе два дена се случува не е само говор на омраза туку и отворени закани кон проф. Катерина Колозова, нејзиното семејство и пријатели.

ЦИВИЛ Медиа стапи во контакт со Колозова која нѐ информираше дека веќе е поднесена пријава до Јавното обвинителство, но и дека размислува за приватна граѓанска тужба поради клеветите кои Плевнеш ги упатува на нејзина адреса веќе подолг период.

Во разговорот, таа напомена дека не е толку револтирана од нападот кон неа, туку од нападите кон нејзини пријатели само затоа што, ете, ја познаваат и се дружат со неа. Во целата голгота која трае од вчера попладне, Плевнеш успеал да напише околу педесетина коментари и пораки од кои дел се однесуваат и на малолетни деца.

„Да се дрзнеш да пишуваш на објава за 4 годишно девојче, да се закануваш и да употребуваш погрдни зборови е навистна страшно“, вели Колозова која е крајно згрозена и револтирана од постапките на Плевнеш.

Стапивме во контакт и со пријателите на Колозова, брачен пар кој останува анонимен за јавноста.

Тие велат дека откако започнале навредите најнапред се обиделе на мирен начин да ја ублажат ситуацијата. Откако увиделе дека обидите се безуспешни, решиле да го игнорираат, но дури тогаш ситуацијата ескалирала. Плевнеш започнал да им ѕвони во 5 часот наутро да им се заканува и да ги вознемирува.

„Тогаш одлучивме да го пријавиме во полиција. Поднесовме пријава до Јавното обвинителство и го пријавивме во МВР, дадовме изјави и нѐ известија дека во текот на утрешниот ден ќе го повикаат на информативен разговор“, велат пријателите на Колозова.

 

ЦИВИЛ како организација за човекови права најостро го осудува ваквото однесување на Констанитн Плевнеш и ги повикува институциите сериозно да ја сфатат ситуацијата и да реагираат навреме. Особено затоа што ова не е прв пат оваа личност да се служи со говор на омраза и закани.

Пред година дена кога ЦИВИЛ Медиа пишуваше за заканите и говорот на омразата кои Плевнеш ги упатуваше кон професорката Катерина Колозова и професорот Љубомир Фрчковски, тој упати закани, вулгарности и говор на омразата и кон Организацијата.

ЦИВИЛ порачува: Нема оправдување за ваквите постапки. На потег се институциите. Неказнивоста мора да престане веднаш!

Маја Ивановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ