Мониторинг тимот на ЦИВИЛ досега регистрираше и архивираше повеќе од 60 случаи на говор на омраза на социјалните мрежи, дел од кои во текот на минатата и оваа недела се објавени и споделени со јавноста на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Од дваесетина нови случаи, за денеска одлучивме да објавиме три, а до доцните вечерни часови ќе споделиме и други. Овие содржини можете да ги пронајдете на цивил.мк и на дрејт.мк.
Правото на глас е едно од основните човекови права и слободи. Со гласањето, граѓанките и граѓаните учествуваат во креирањето на власта, ја градат демократијата во својата земја и ја одредуваат својата и иднината на своите деца. Затоа, важно е да се учествува во сите изборни процеси на локално или национално ниво, било да се работи за избирање на претставници во власта или за референдумско прашање. Демократијата токму тоа и го подразбира – граѓанско учество во изборот и креирањето на политиките и практиките на сите нивоа и по сите прашања.
Во пресрет на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 15 јули, ЦИВИЛ ја поведе иницијативата „Гласај /Voto“ на социјалните мрежи, како поттик за излезноста на гласачите на 15 јули. Изборите нѐ затекнаа во време на пандемија кога заштита на нашето здравје е приоритет, од што зависи и одѕивот на гласачите. Затоа, ЦИВИЛ повикува на гласање, но и на максимално придржување кон мерките за заштита од коронавирусот на денот на гласањето.
За повеќе информации за вашите гласачки прва посетете ја веб страницата vote.civil.org.mk.
Искористувањето на правото на глас е индивидуална одлука на секој гласач, да учествува во демократските процеси во својата земја, преземе одговорност за своите одлуки и да бара одговорност од политичарите кои своите изборни ветувања им ги понудиле на граѓанките и граѓаните. Граѓанките и граѓаните што не гласаат, оставаат другите да одлучат за нив како ќе изгледа нивната иднина.
ЦИВИЛ внимателно го следи и финансирањето на политичките партии во изборниот процес, за време на предизборната кампања. За една недела партиите ја „збогатија“ кампањата со по 181 ново видео и реклама на Фејсбук.
Деталната анализа за активностите и трошењето на партиите во предизборната кампања можете да ја прочитате на ЦИВИЛ Медиа и Дрејт.мк.