• Latest
Добро утро со Орданоски

Ако е бал, нека е маскенбал!

July 17, 2020
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Ако е бал, нека е маскенбал!

July 17, 2020 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Францускиот литерарен гениј Марсел Пруст некаде има речено: „Оставете им ги убавите жени на мажите без фантазија“…

Не ми е намерата да ја проблематизирам оваа елиптична мисловна бравура на Пруст како потенцијално навредлива за убавите жени; а уште помалку да влезам во расправија што би била полна со машки предрасуди за тоа што се смета, ако воопшто не постои, убавина кај жените – но цитатот ми се виде како извонредна парабола за состојбата со македонската политика: политиката, имено, во Македонија, никако не спаѓа во категоријата на која било прустовска дефиниција за „убавите жени“, па затоа со неа не е препорачливо да се занимаваат политичари без фантазија!

Токму така: Македонија со децении најчесто произведува компликувани (да не кажам неубави) политички ситуации кои бараат ангажман на политички лидери со исклучително развиена имагинација. Таков политички лидер, несомнено, е Зоран Заев.

Според тоа, кога ќе ја видите „раскошната убавина“ на резултатите на овие избори и кога ќе ви помине желбата, од која било партиска перспектива, да се прашате што будала народ живее во оваа држава за да (не) гласа вака и за „овие“, ви препорачувам веднаш да се зафатите со анализа на фантазијата на Заев за тоа како ќе ја реши и оваа, уште една во низата „вратоломни“ ситуации, во полза на подобрата перспектива на нашата грда, мила, македонска политичка реалност…

Во таа смисла, предлагам една, можеби имагинарна, но работна хипотеза: во опозиција на идната влада на Македонија ќе останат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, на кои друштво ќе им прават нашите пресни парламентарни леви национал-социјалисти. Вмровците за да си ги „лижат“ раните од уште еден во низата изборно-референдумски порази во „ерата на Заев“ (што рече некој на Фејсбук, за нив, и на овие избори: „Да не е СДСМ, ние сме победници!“), а ДУИ за да размислува барем еден опозициски мандат како им се случи „итриот предизборен ултиматум“ за „премиер Албанец“ да им се удри постизборно од глава…

Национал-социјалистите нема да размислуваат за ништо, бидејќи се зафатени со понатамошно приземно штанцање омраза.

Се разбира дека оваа хипотеза е крајно рискантна и е на магичниот раб самата да се „прекомбинира“, бидејќи наспроти неа стои леснотијата на составувањето и на следната влада од, доминантно, редовите на СДСМ и ДУИ. Тоа, дури, можеби би било и сосема логично, иако продолжено лицемерно, со оглед на меѓусебните антипатии на досегашните коалициски партнери во претходната влада. Но, ете, макар заради политичка декаденција, повторно да се обложиме во „фантазијата“ на Заев за флертот со уште една „невозможна мисија“ со која ќе нè одведе на „следното ниво“ во неговиот проект за „Едно, европско, општество за сите“.

Оти, да повториме, модерната македонска политика ќе се дели на „пред“ и „по Заев“. Па, ако е бал, нека е маскенбал!

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ