пишува ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Од страв оти еден партиски „лидер“, и без да биде присутен на местото на настанот, кажал кој не пукал на свадбата во Мала Речица, полицијата и обвинителството во Тетово, повеќе од една година, не можат да откријат кој пред стотина присутни пукал.
*
Што се однесува до стрелањето со разни видови огнено оружје на плоштадот Скендербег по повод прославата на победата на изборите, партијата веројатно има сознанија дека тоа се практикува и во земјите членки на НАТО и ЕУ, за што толку се залагала да влезе и Македонија.