• Latest

Полицијата е бранител на човековите права

September 29, 2020
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Суровата реалност на протестите во Србија: Полициска бруталност, закани, селективни апсења

August 21, 2025
Војо Маневски

Треба ли кандидатите за локална власт да поминат задолжителна обука?

August 21, 2025
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Дипломатија или капитулација – Како граѓаните ги гледаат напорите за мир во Украина

August 21, 2025
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на CCTV+

Кинескиот претседател Си во ненадејната посета на анектираниотТибет

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Полицијата е бранител на човековите права

September 29, 2020 07:31
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Полицаец тепал човек, МВР истражува
Кривични пријави за десеттемина дрвокрадци кои тепаа полицајци
Протест и контрапротест – едни ќе протестираат против полициската бруталност, други ќе си ги бранат колегите
ЦИВИЛ со осуда на полициската бруталност и со предлог мерки за надминување на насилните инцидент

Полицијата е многу специфична структура во државата.

Полицаецот е овластен од државата во име на граѓаните да го одржува редот и мирот, но пред сѐ – да ги брани човековите права и слободи (член 3 од Законот за полиција).

При вработувањето полицаецот потпишува изјава: „Се обврзувам дека во својата работа ќе ги почитувам Уставот, законите на Република Македонија и стандардите на полициската етика, совесно и уредно ќе ги вршам полициските работи и ќе ги почитувам основните слободи и права на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори“ (член 100 од Законот за полиција).

За да ја извршува оваа функција, полицаецот има легално право да носи оружје и други средства за присилба, да употребува мерки на присила, да лишува од слобода, да ограничува движење, да легитимира, да претресува, …

Полицаецот зад себе ја има силата на најорганизираната структура во државата, соодветен тренинг кој го прави супериорен во однос на многу голем број од граѓаните, бенефиции поврзани со вршењето на службата заради спецификите на заканите со кои се соочува (член 101, 110, 111 од Законот за полиција), и, поддршката дури и во случаите кога ќе погреши: „Ако против полициски службеник се поведе или води кривична, прекршочна или парнична постапка, поради употреба на средство за присилба или за учество во сообраќајна незгода со моторно возило при вршењето на полициските работи, Министерството му обезбедува бесплатна правна помош“ (член 82 од Законот за полиција).

Ова право го нема ниту еден граѓанин во државата, и, ниту еден друг државен службеник.

Големата моќ која е ставена во рацете на полицаецот мора да биде врамена во законски ограничувања кои треба да обезбедат минимизирање на можноста за нејзина злоупотреба и затоа  и најмал облик на злоупотреба мора да биде откриен и соодветно санкциониран.

Во спротивно, наместо структура која ги заштитува правата и слободите на граѓаните, полицијата ќе стане најмоќна банда која може да ги тероризира граѓаните.

Тепањето, клоцањето, удирањето боксови и шамари не се вброени во средствата за присила. Во ниту една ситуација. Под никаков изговор.

Тогаш кога полицаецот не може да се справи со граѓанинот со примена на законски предвидените средства за присилба (согласно член 35, 80, 83 од Законот за полиција) значи дека полицаецот не е соодветен за работата која што ја врши, дека нешто погрешил во предвидените процедури или пак, не функционирала организацијата која требало да му даде поддршка). И тоа е проблем кој треба да го реши државата, а не проблем кој значи дека полицаецот смее да излезе надвор од законски предвидениот начин на делување.

Било која споредба меѓу ситуацијата кога полицаец тепа граѓанин со онаа кога се нападнати полицајци, е несоодветна. Првата е едноставно недозволива, а втората е дел од специфичната опасност на која се изложени полицајците во изведувањето на своите задачи. И, секој оној кој ќе нападне полицаец едноставно треба да биде лишен од слобода, изведен пред суд и казнет со највисока можна казна (при што меѓу казните предвидени во нашиот Кривичен законик не постои казна тепање, клоцање, шамарање и удирање боксови).

Зголемениот напад на полицајци е сигнал дека не функционира како што треба организацијата која стои зад нив, и полицискиот синдикат треба да реагира и да бара соодветно функционирање на таа организација и поправање на грешките кои довеле до таква ситуација, а не ослободување од вина на оние кои го прекршиле законот и кои недостатоците во службата се обидуваат да ги надминат со незаконско насилство над граѓаните.

И јас очекувам полицискиот синдикат да го осуди секој облик на дискриминирачко однесување и постапување од страна на полицајците, да се спротивстави на структурната дискриминација кон одредена маргинализирана група и да побара посебни облици на комуникација со заедниците кон кои е забележена зачестена, па дури и системска употреба на сила.

Така полицијата станува структура во служба на граѓаните.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share44Tweet27Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ