• Latest

Преглед на настани: Кодекс за етичко однесување на функционерите, „Зелен караван“ во Гевгелија, утре настан на ЦИВИЛ за дискриминацијата и вработувањето

September 29, 2020
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
Скриншот од видео на Sky News Australia

Сите 20 живи заложници во Газа ослободени и предадени на ИДФ

October 13, 2025
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Кодекс за етичко однесување на функционерите, „Зелен караван“ во Гевгелија, утре настан на ЦИВИЛ за дискриминацијата и вработувањето

September 29, 2020 16:14
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Потпишан Кодексот за етичко однесување на функционерите, Љупчо Николовски назначен за одговорен за негово спроведување

Членовите на Владата денеска го потпишаа Кодексот за етичко однесување на функционерите, со кој сите заменици министри, директори и јавни функционери именувани од Владата се обврзуваат дека го прифаќаат Кодексот, заради обезбедување почитување на уставноста, законитоста, професионалниот интегритет, ефикасноста, лојалноста, одговорноста и транспарентноста на Владата и на сите владини институции.

Премиерот Зоран Заев на денешната владина седница истакна дека потписот е нивна согласност дека ги прифаќаат сите највисоки етички принципи за заштита на човековите права и слободи при, вршење на нивните функции и должности во рамките на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот на Република Северна Македонија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Делевски, професор во средно училиште: Онлајн наставата е можност за колективен пресврт на образовниот процес

„Онлајн наставата е предизвик и преиспитување на воспитно-образовните модели. Предизвик е поради новоста и повеќестраното поедноставување на трансферот на знаења, а преиспитување е и поради различните услови на работа на наставниците и учениците и поради дополнителната потреба од креативни решенија и апликативност на наставниот материјал. Онлајн учењето има можност да биде не само замена, туку и преродба на образованието, но само доколку се истрае во почетниот период и доколку се зачуваат резултатите на долгорочен план – како визија за иднината и како можност за надоградувања на образовниот систем на двонасочно изградениот систем“, вели професорот Делевски.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Зелен ЦИВИЛ: Зелените политики во фокусот на локалната власт во Гевгелија

ЦИВИЛ како дел од активностите во Зелениот караван денеска одржа работилница во малата сала на Народниот театар во Гевгелија (Дом на култура).
Модераторка на работилницата беше Биљана Јордановска од ЦИВИЛ, а со свое излагање за проектот ќе се претстави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Во присуство на медиумите и присутните граѓанки и граѓани, свои обраќања на тема зелени вредности, социјална правда и антинационализам имаа градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков и претседателот на Советот на Општината, Тодор Ристов.

Зелен ЦИВИЛ во Гевгелија: Градоначалникот Поцков со цел општината да биде модерна, европска и зелена

„Слоганот со кој јас настапував на локалните избори во 2017 беше „Модерна, европска и зелена Гевгелија“. Голем дел од капиталните инфрастуктурни проекти водат кон тоа гевгелија да биде зелена општина. Со тековните работи исто така посветуваме големо внимание на зеленото. Сакам да упатам една порака како позитивна пракса од Гевгелија: голем дел од прашањата за отворање на рудници и фабрики што би можеле да бидат глоеми загадувачи на Гевгелија се одбиени на седницата на Советот на Општината, во транспарентни постапки во дослух со граѓаните. Крајната порака е дека го имаме слухот на граѓаните, на невладините организации и сè што правиме е во тој правец да ја направиме Гевгелија модерна, европска и зелена“, изјави Сашо Поцков, градоначалник на Гевгелија во заедничка изјава за медиумите со тимот на Зелен ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ со панел дискусија „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“, утре ( среда) 30 септември, во хотелот Сити Парк, со почеток во 12 часот.

Дискриминацијата по многу основи при вработувањето е честа тема во медиумите и во јавната комуникација. Недоволното разбирање и честата политизација на темата околу вработувањето ја налага потребата од поширока јавна дискусија со аргументи од повеќе аспекти на сите засегнати страни.

На панелот ќе учествуваат  Јована Тренчевска, Раководител на одделение за родова еднаквост, Сектор за еднакви можности во Министерство за труд и социјална политика , проф. Мирјана Најчевска, експертка за човекови права, Висар Адеми, експерт за економија, Лиса Баута Шаќири, авторка и правничка и Рамуш Муарем-Цирко, новинар. На почетокот на панел дискусијата, Џабир Дерала ќе ги претстави ставовите и првичните препораки на ЦИВИЛ на оваа тема.

ФЛЕШ ВЕСТИ: 

Судскиот совет на денешната седница едногласно ја предложи судијката Добрила Кацарска за нов судија на Уставниот суд.

Поранешниот премиер во бегство Никола Груевски доби казна затвор од една и пол година, а екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески доби условна казна од една година за поттикнување на насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски и претседателот на СОНК, Јаким Неделков денес ги посетија општинските основни училишта „Дане Крапчев“ и „Крсте Мисирков“.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов вели дека институцијата со која тој раководи продолжува со активностите за остранување на дивоградбите што се под нејзина надлежност, а се дел од проектот Скопје 2014.

Проекциите кои ги имаме до крајот на годината се дека во последниот квартал  следи закрепнување кое доколку  успешно го премостиме можеме да влеземе во пост ковид периодот со добра основа за развој и стабилизирање, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Државниот завод за ревизија констатирал дека во Специјалното јавно обвинителство износот на исплатените додатоци за 2015 година  го надминува износот на исплатените средства за основната плата по лице. 

Во рамки на Транспортниот центар во Скопје денеска беше отворен првиот плоштад за велосипеди – Велоштад.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Неодамнешното барање на Гордана Јанкуловска да им се приклучи на оштетените во процесот за масовното прислушување „Тврдина/Таргет“ од страна на претходната власт во која самата со години беше министер за внатрешни работи; како и вчерашното тврдење на еден од адвокатите на Миле Јанакиески дека неговиот клиент не бил „близок соработник“ на Груевски, туку негова жртва, бидејќи и самиот бил предмет на обемно нелегално следење што го спроведувале криминални структури во (нивната) власт, раководени од самиот Груевски – се зачудувачка илустрација не само за очајничките стратегии на нивните одбрани во продолжените судски процеси во кои на Јанкуловска и Јанакиески им се закануваат долгогодишни затворски пресуди, туку и за методите на „семејното насилство“ со кое владееше претходната власт“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Гордана и Миле – жртви на семејно насилство?!“

„Големата моќ која е ставена во рацете на полицаецот мора да биде врамена во законски ограничувања кои треба да обезбедат минимизирање на можноста за нејзина злоупотреба и затоа  и најмал облик на злоупотреба мора да биде откриен и соодветно санкциониран. Во спротивно, наместо структура која ги заштитува правата и слободите на граѓаните, полицијата ќе стане најмоќна банда која може да ги тероризира граѓаните. Тепањето, клоцањето, удирањето боксови и шамари не се вброени во средствата за присила. Во ниту една ситуација. Под никаков изговор.“, пишува Мирјана Најчевска во колумната „Полицијата е бранител на човековите права“.

Поенти на Џевдет Хајредини – Груби игра грубо

„Груби, само што стана прв заменик на Премиерот Заев, веднаш на груб начин го истера секретарот на владата од својот кабинет.“

А. Петровска 

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ