• Latest

Не се криви странците

October 11, 2020

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Не се криви странците

October 11, 2020 14:05
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Прво, се формираа стотици невладини организации кои навлегоа во просторот на образованието. На чело на тие организации застанаа лекари, инжињери, режисери, глумци… И тие почнаа да изработуваат проекти за обуки на наставници и ученици, да имплементираат програми и да иницираат промени кои ќе им овозможат да влегуваат непречено во училиштата (на сите нивоа од образованието) без никаква контрола и вон било каков образовен систем на државата.

Ги обвинивме странците дека ни се мешаат во образовниот систем и дека создаваат какофонија. Меѓутоа, тоа не беше нивна вина. Вината беше на страна на државата која не успеа да создаде систем на селекција и контрола, систем на претходни проверки и однапред поставени правила и критериуми, и не успеа да ги заштити сопствените институции и професионалци.

Потоа почнаа да се формираат фирми и фирмички кои немаат врска со образованието, меѓутоа кои ја научија вештината на аплицирање, кои си најдоа поддржувачи, кои знаеја како да ги поделат парите што ги добиваа и кои го претворија образованието во бизнис.

Повторно. Тоа не беше вина на странците кои донираа пари. Вината беше на страна на државата која на местата каде што треба да се врши селекцијата и контролата си постави партиски војници со многу конкретни (индивидуални и партиски) интереси.

Потоа некој во власта реши да формира факултети и универзитети во секое село ширум Македонија. Никнаа како печурки (некои само за еднократна употреба), изградени со средствата наменети за образование. Структури кои бизнисот наречен образование го подигнаа на ново ниво на штанцање дипломи, сертификати, потврди, уверенија, титули.

И повторно. Тоа не беше вина на странците. Вината беше на страна на државата која реши дека образованието е крајно скап трошок, меѓутоа многу добра партиска инвестиција која може да биде соодветно искористена.

Опасноста од надри-образованието мора да се разбере на исто ниво како опасноста од надри-писарите или надри- лекарите и исцелителите. Тоа го руши образовниот систем, го изложува на постојани потреси, внесува непроверени материјали и процедури кои создаваат хаос кај наставниот кадар и учениците. Надри-образованието создава привид на алтернативност и напредок, и успева исти содржини одново и одново да ги пласира во нови проекти кои завршуваат со завршување на донацијата, меѓутоа оставаат последици  кои долго време го дебалансираат образовниот процес.

И за ова не се криви странците кои донираат пари. Крива е државата која нема сили да изгради сопствен конзистентен образовен систем, кој ќе ги апсорбира овие пари на најдобар можен начин, со најдобри можни резултати. Која ќе ја стимулира професионалноста и која ќе има јасна претстава во која насока сака да го развива образовниот процес. И која ќе умее на најдобар можен начин да ги искористи потенцијалите на граѓанскиот сектор и вистинската алтернативност која може да ја понуди истиот.

Не е проблемот во сопственикот на фирма кој добил пари од програмата Еразмус+; проблем е во националното тело кое не ја разбрало важноста на сопствената улога во поддршка на образовниот процес, во МОН кој не успева да изгради единствен систем и проблем е во отсуството на суштинска контрола која треба да ја обезбеди професионалноста/стручноста во образованието.

А можеби, сепак, има вина и на страна на странците кои со леснотија запливуваат во водите на корупцијата во Македонија.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ