• Latest

Преглед на нaстани: Груевски си купувал плацови со парите за ВМРО-ДПМНЕ, приведен неговиот кум, нови мерки…

October 19, 2020
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на нaстани: Груевски си купувал плацови со парите за ВМРО-ДПМНЕ, приведен неговиот кум, нови мерки…

October 19, 2020 17:23
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Груевски си купувал плацови со парите од донациите за ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот премиер, бегалецот Никола Груевски незаконски си присвоил најмалку 1,3 милиони евра од донациите за ВМРО-ДПМНЕ додека бил претседател на партијата и потоа со тие пари си купил плацови од 11 000 м2 на Водно, велат од Обвинителството за организиран криминал за истрагата за перење пари во која утринава беше уапсен неговиот кум Ристо Новачевски.

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска кажа дека не е побарано замрзнување на сметките на Груевски, бидејќи ги испразнил пред да избега во Унгарија. Таа рече и дека повторно ќе иницира екстрадиција на Груевски, откако унгарските власти не го испорачаа за организацијата на 27 април 2017 година.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Ние како држава бевме предмет на сериозни хибридни напади првпат за време на Референдумот во 2018 година. Меѓутоа тогаш уште не бевме внатре во НАТО алијансата, тогаш добивавме некаква поддршка на билатерално ниво, но не таква каква што добиваме сега. Последниот пат со сихронизиран напад со огромен интензитет кој досега не беше забележан кај нас, со кој беше соборена страницата на Државната изборна комисија на самиот изборен ден, а тоа не го прави еден човек, тоа се приказни за мали деца дека тоа го направиле 2-3 хакери млади луѓе кои направиле таква штета, тоа не е точно“, рече Претседателот на државата, Стево Пендаровски одговарајќи на прашањето на ЦИВИЛ – „Во каква состојба е македонската национална безбедност и стабилност со оглед на зголемување на лажните вести, говорот на омразата, пред сè на етничката припадност и хибридните напади?“.

Тој истакна дека хибридните напади се нов проблем, но наша среќа е што од 27 март оваа година сме членки на НАТО и дека почнавме да добиваме обилна помош и поддршка од другите сојузници во НАТО.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ го започна проектот ,,Обединети во различноста” во соработка со Министерството за надворешни и европски прашања на Луксембург. Целта на проектот е надминување на погубните последици од етничките тензии преку кампања за јакнење на јавната свест, со цел да се разберат и деконструираат националистичките наративи и да се предложат начини како да се надминат поделбите, тензиите и насилството по етничка основа.

Преку овој проект, ЦИВИЛ има намера да прати силна порака против национализмот и да ги повика граѓаните да продолжат со поддршката на ЕУ иднината на Северна Македонија. Македонското општество е мултикултурно, мултиконфесионално и мултиетничко. Овој факт на реалноста ги претставува и убавината и големите потенцијали на земјата.

Градоначалникот на општина Боговиње, Албон Џемаили, во интервју за ЦИВИЛ Медиа вели „Потребни се и финансиски средства за почитување и остварување на европските вредности“.

Европските вредности чинат, што значи дека за да се почитуваат, тие општини треба да имаат доволно финансиски средства. Сепак, сметам дека европските вредности во општина Боговиње се почитуваат до максимум, имајќи предвид дека тоа е рурална општина во Северна Македонија.

Градоначалникот на Општина Вевчани, Сашо Јанкоски, одговори на повик на Зелен ЦИВИЛ за отворање на темата за зелените вредности, социјална правда и антинационализам.

Кој губи? Па искрено губиме сите, губи државата, губат општините, губи народот. Ова им оди единствено во прилог на одредена група на политичари кои се навикнати да владеат со подбуцнување и контролирано палење на национализмот по потреба, единствено за нивни лични краткорочни политики. Но, национализмот е опасно орудие кое лесно може да ви избега од контрола и после тоа нема враќање назад.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски во интервју за ЦИВИЛ Медиа вели: „Правниот поредок создаден од ЕУ, веќе е востановена компонента на нашиот политички живот и на општеството. Секоја година, врз основа на спогодбите на Унијата, се донесуваат илјадници одлуки со клучно влијание врз земјите-членки на ЕУ и врз животот на нивните граѓани. Во една анализа е нотирано дека луѓето одамна не се само граѓани на својата земја, град или регион, тие се и граѓани на Унијата, па следствено на тоа и вредностите кои се збир на правила имаат влијание на секојдневието на човекот, но и на развојот на едно општество како демократско“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Mинистерот за здравство Венко Филипче, со осуда за градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ кој викендов направи свадбена церемонија во Косово.

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на поранешниот премиер Никола Груевски кој се сомничи за сторено кривично дело перење пари со кои купиле плацеви на Водно. Тој веќе е изнесен пред судија на претходна постапка.

Вистиномер: Со фото од авион за гаснење пожар од 2009 г. се шири паника за наводно труење со смртоносен отров.

Во 2020 година само 38 отсто од општините дале отчет кон граѓаните за преземените и спроведени активности во 2019 година, покажува новото истражување на Центарот за економски анализи (ЦЕА) со наслов „Фискалната транспаретност на општините во Северна Македонија“.

Граѓанските здруженија Зелена Алтернатива, ЗНАМ, ХОПС, Коалиција Маргини и Хелсиншки комитет за човекови права, денеска на прес конференција побараа итна декриминализација на поседување и лична употреба на канабисот, но и на негово одгледување за лична употреба.

Мрежата за заштита од дискриминација бара Собранието да избере стручен и независен Народен правобранител.

Премиерот Зоран Заев не прифаќа средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, следниот месец заминува во Софија на средба со Бојко Борисов.

СЛОБОДНА ЗОНА

Сашо Орданоски во колумната „Лесно е да си ситничава опозиција во време на криза“ пишува: „Штета е што сегашната македонска опозиција не може да се консолидира на начин што би ѝ го подигнал авторитетот во јавноста за да биде кредибилен критичар, но и соработник со власта во овие тешки времиња, кога навистина е потребна позитивна мобилизација на јавноста. Во големи кризи, отсекогаш било полесно да си во опозиција наместо на власт, ама не мора тоа баш секојдневно, наметливо да ни се демонстрира со ситничавото однесување на нашиот „подалечен роднина на вујкото од тетка“.
Џевдет Хајредини поентира: „Мака мачи секој ден Првиот Заменик Премиер, да докажува дека има повеќе надлежности дури и од пропишаните со Уставот и законите. Според него, негова задача е, освен да го заменува Премиерот, да придонесува во координацијата со сите ресори и кохезијата на реализацијата на задачите на владата, дури да се грижи и за кохезијата во општеството“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share40Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ