ВЕСТ НА ДЕНОТ: Груевски си купувал плацови со парите од донациите за ВМРО-ДПМНЕ
Поранешниот премиер, бегалецот Никола Груевски незаконски си присвоил најмалку 1,3 милиони евра од донациите за ВМРО-ДПМНЕ додека бил претседател на партијата и потоа со тие пари си купил плацови од 11 000 м2 на Водно, велат од Обвинителството за организиран криминал за истрагата за перење пари во која утринава беше уапсен неговиот кум Ристо Новачевски.
Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска кажа дека не е побарано замрзнување на сметките на Груевски, бидејќи ги испразнил пред да избега во Унгарија. Таа рече и дека повторно ќе иницира екстрадиција на Груевски, откако унгарските власти не го испорачаа за организацијата на 27 април 2017 година.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Ние како држава бевме предмет на сериозни хибридни напади првпат за време на Референдумот во 2018 година. Меѓутоа тогаш уште не бевме внатре во НАТО алијансата, тогаш добивавме некаква поддршка на билатерално ниво, но не таква каква што добиваме сега. Последниот пат со сихронизиран напад со огромен интензитет кој досега не беше забележан кај нас, со кој беше соборена страницата на Државната изборна комисија на самиот изборен ден, а тоа не го прави еден човек, тоа се приказни за мали деца дека тоа го направиле 2-3 хакери млади луѓе кои направиле таква штета, тоа не е точно“, рече Претседателот на државата, Стево Пендаровски одговарајќи на прашањето на ЦИВИЛ – „Во каква состојба е македонската национална безбедност и стабилност со оглед на зголемување на лажните вести, говорот на омразата, пред сè на етничката припадност и хибридните напади?“.
Тој истакна дека хибридните напади се нов проблем, но наша среќа е што од 27 март оваа година сме членки на НАТО и дека почнавме да добиваме обилна помош и поддршка од другите сојузници во НАТО.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
ЦИВИЛ го започна проектот ,,Обединети во различноста” во соработка со Министерството за надворешни и европски прашања на Луксембург. Целта на проектот е надминување на погубните последици од етничките тензии преку кампања за јакнење на јавната свест, со цел да се разберат и деконструираат националистичките наративи и да се предложат начини како да се надминат поделбите, тензиите и насилството по етничка основа.
Преку овој проект, ЦИВИЛ има намера да прати силна порака против национализмот и да ги повика граѓаните да продолжат со поддршката на ЕУ иднината на Северна Македонија. Македонското општество е мултикултурно, мултиконфесионално и мултиетничко. Овој факт на реалноста ги претставува и убавината и големите потенцијали на земјата.
Градоначалникот на општина Боговиње, Албон Џемаили, во интервју за ЦИВИЛ Медиа вели „Потребни се и финансиски средства за почитување и остварување на европските вредности“.
Европските вредности чинат, што значи дека за да се почитуваат, тие општини треба да имаат доволно финансиски средства. Сепак, сметам дека европските вредности во општина Боговиње се почитуваат до максимум, имајќи предвид дека тоа е рурална општина во Северна Македонија.
Градоначалникот на Општина Вевчани, Сашо Јанкоски, одговори на повик на Зелен ЦИВИЛ за отворање на темата за зелените вредности, социјална правда и антинационализам.
Кој губи? Па искрено губиме сите, губи државата, губат општините, губи народот. Ова им оди единствено во прилог на одредена група на политичари кои се навикнати да владеат со подбуцнување и контролирано палење на национализмот по потреба, единствено за нивни лични краткорочни политики. Но, национализмот е опасно орудие кое лесно може да ви избега од контрола и после тоа нема враќање назад.
Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски во интервју за ЦИВИЛ Медиа вели: „Правниот поредок создаден од ЕУ, веќе е востановена компонента на нашиот политички живот и на општеството. Секоја година, врз основа на спогодбите на Унијата, се донесуваат илјадници одлуки со клучно влијание врз земјите-членки на ЕУ и врз животот на нивните граѓани. Во една анализа е нотирано дека луѓето одамна не се само граѓани на својата земја, град или регион, тие се и граѓани на Унијата, па следствено на тоа и вредностите кои се збир на правила имаат влијание на секојдневието на човекот, но и на развојот на едно општество како демократско“.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Mинистерот за здравство Венко Филипче, со осуда за градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ кој викендов направи свадбена церемонија во Косово.
По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на поранешниот премиер Никола Груевски кој се сомничи за сторено кривично дело перење пари со кои купиле плацеви на Водно. Тој веќе е изнесен пред судија на претходна постапка.
Вистиномер: Со фото од авион за гаснење пожар од 2009 г. се шири паника за наводно труење со смртоносен отров.
Во 2020 година само 38 отсто од општините дале отчет кон граѓаните за преземените и спроведени активности во 2019 година, покажува новото истражување на Центарот за економски анализи (ЦЕА) со наслов „Фискалната транспаретност на општините во Северна Македонија“.
Граѓанските здруженија Зелена Алтернатива, ЗНАМ, ХОПС, Коалиција Маргини и Хелсиншки комитет за човекови права, денеска на прес конференција побараа итна декриминализација на поседување и лична употреба на канабисот, но и на негово одгледување за лична употреба.
Мрежата за заштита од дискриминација бара Собранието да избере стручен и независен Народен правобранител.
Премиерот Зоран Заев не прифаќа средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, следниот месец заминува во Софија на средба со Бојко Борисов.
СЛОБОДНА ЗОНА
Д. Муратов