• Latest

Човекови права и Ковид -19

October 29, 2020

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Човекови права и Ковид -19

October 29, 2020 12:43
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Кризата предизвикана од  КОВИД-19 претставува брутален потсетник за важноста од обезбедување траен напредок во однос на уживањето во социјалните права, особено преку развојот на универзалните услуги за јавно здравје. Пандемијата  во практична смисла покажува дека човековите права се неделиви.

Оваа криза ги истакна недостатоците во нашите општества, за кои знаевме дека се таму, но не успеавме да ги решиме и кои сега се влошија. Иако вирусот не прави дискриминација, неговите влијанија го прават тоа и во сите региони во светот најмногу влијаат оние во ранливи ситуации.

Најголемиот имот што го поседува една земја е нејзиниот народ, затоа државите и компаниите мора да се придржуваат до Водечките принципи на ООН за деловни активности и човекови права за да го заштитат овој човечки капитал дури и во време на економски тешкотии и за време на оваа јавна здравствена криза.

Јавно-приватно партнерство е клучно во настојувањето да се пренаменуваат средствата, вештините и производите. Поттикнување на производството кон основните производи како што се сапун и средства за дезинфекција на рацете, и правичната дистрибуција на ваквите производи е од клучно значење.

Постои апел до мултинационалните корпорации да избегнат откажувања на нарачки кога е можно за да се ограничат тешкотиите на работниците во нивните синџири на снабдување.

Мултилатерализмот е  исто така важен во однос на надминување на глобалната криза, со договор заснован на глобална соработка и солидарност и  интернационализирање на националните одговори.

Заштитата на најранливите лица во пандемијата е тесно поврзана со заштитата на ранливите на климатските промени. Потребата за конкретни активности за ублажување на штетите од климатската криза за да се намалат понатамошните загуби на животи и средства за живот.

Оние деловни субјекти кои сакаат да напредуваат треба да им дадат приоритет на заинтересираните страни пред акционерите – ова ќе биде клучен чекор за промена по КОВИД-19.

Заштитата на правата на жените и девојчињата е од суштинско значење. Жените и девојчињата имаат непропорционален товар на грижа и се изложени на поголем ризик од семејно насилство, невработеност и финансиска несигурност. Треба да се посвети поголемо внимание на обезбедувањето нивно безбедно сместување, алтернативно вработување, како и  пристап до социјална заштита.

Ковид – 19 е прва пандемија во историјата во која технологијата и социјалните медиуми се користат масовно за да се одржат луѓето безбедни, информирани, продуктивни и поврзани. Истовремено, технологијата на која се потпираме за да бидеме поврзани и информирани, ја овозможува и засилува инфодемијата која продолжува да го поткопува глобалниот одговор и веродостојната информација,  и ги загрозува мерките за контрола и заштита од  пандемијата.

Инфодемијата вклучува намерни обиди за ширење погрешни информации за да се поткопа реакцијата на јавното здравство и да се унапредат алтернативните агенди на групи или поединци, и е една од политичките алатки со кои се злоупотребуваат јавните функции за остварување политички цели. Погрешната информација, дезинформацијата и лажните вести се во голема мерка  штетни за физичкото и менталното здравје на луѓето и стигматизацијата. Преку инфодемија се доведува до лошо, односно непочитување  на мерките за јавното здравје, со што се намалува нивната ефикасност и се загрозува можноста на земјите да ја запрат пандемијата.

Дезинформациите ја поларизираат јавната дебата на теми поврзани со КОВИД -19,  го засилува говорот на омраза, го зголемуваат ризикот од конфликт, насилство и кршење на човековите права и ги загрозува  долгорочните изгледи за унапредување на демократијата, човековите права и социјалната кохезија.

Ковид-19 треба да не замисли колку ние, како човечки битија сме, или не сме научиле нешто од минатите историски искуства. Истовремено, треба сериозно да се подготвиме за идните битки што ни претстојат како човештво. Сè додека постои човештвото ќе постојат и болести, војни, раздори, но и гласност за човековите права и слободи и правото на достоинствен живот.

Дијана Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ